logo
logo
logo

Агим Јонуз

Се распаѓа ли Македонија? Не!

Vecer | 19.03.2021

Се распаѓа ли Македонија? Не!

Функционира ли барем нешто  освен будалите, гига патриотите ( на сите страни, де) и фармацеутите. Се останато кибернира и чека поубави времиња за да почне ‘‘живот из почетка‘‘. Секако со дугови до гуша, извршители на кои како на хиени забите им наострени како мешот на Кралот Артур.

На сред Скопје Аца велики гордо го дигнал мечот ама не гледа од сопствената заслепеност и лажната мегапатриотска ерекција дека судијата од страна свира ‘‘ офсајд‘‘. Вика знаеш ли ти кека лека полека ти се растура кафаната? Или ако не, на одличен пат е. Ако не се освестиш, многу лесно во иднина ќе си играат курташак и со тебе, и со историјата, и со коњот што го јаваш, а богами и со цела таа приказна дека Македонија била јака. Да! Била, ама не оваа! Оваа е ‘‘трула трешња‘‘! Држ‘ си се ти до онаа твоја старана до Индија.

Дали Македонија може реално да се распадне? Зборуваме апсолутно хипотетички. Како треба да изгледа распадната Македонија? Распарчена? Не бе бате! Таа уште долго ке си остане цела, ама у суштина нецела. Звучи глупаво. Знам. Ама, вистината во збори поинаку.

Македонија онака како што е замислена и сонувана одамна, тешко дека ке види ‘‘аир‘‘. Микро паралелата е како со охриѓаните за кои викаме дека Бог им дал невиден бисер, ама О‘риѓани ги проколнал. Нема шанси да не се растури приказната ако вака продолжи.

Опасноста од растурање на ( сонуваната) Македонија доаѓа неколкукратно и од неколку страни ама генерализирано во два епицентра.  ‘‘Дуј Шеш‘‘.

Внатрешниот епицентар е етноцентризмот. Нема шанси овака Македонија да изгради здрава нација ни за сто години. Без здраво градење на граѓанска свест и чувство на државност. Никој, ама баш никој, здраво не се нафатил на тоа. Албанците нема шанси да се откажат од ‘‘сите албанци на едно место‘‘, македонците ке се мразат самите себе си додека постои светот, и додека е векот ќе му создаваат простор на било кој душман да си игра курташак. Ген е тоа!

Останатите етникуми ќе се борат да се афирмираат како фактор на државна конструктивност, ама овака како што стои работата, исто така додека е века ќе останат ‘‘политички кусур‘‘ во мозаикот на кого ќе му се фрла коска. Ќе имаат само еден избор, а тоа е или да се ‘‘стопат‘‘, или радикално да се повикуваат на своите матични земји и да бидат остри ‘‘контраши‘‘ на се и сешто, останати на ‘‘ берзата на гласови‘‘ со кои многу лесно наместо фактор на конструкција, може да станат фактор на деконструкција.

И така, Македонија ќе остане политичка ‘‘ бизнис заедница‘‘ наместо нација која секој момент е спремна да гине за татковината. А, бизнис,.. ‘‘ иде па не иде‘‘,... ама и пропаѓа!

Не можеш да функционираш никако во ситуација во која најдобро одсликана фраза е онаа партизанската која вели ‘‘ немци и домаче издајице‘‘. Патиме од вторите!

Македонија не ја предадоа Албанците, туку македонците. Стојам зад напишаното. Боли? Знам!

Надворешниот епицентар е поточно полицентар.

Македонија постои, што ‘‘ фала му на Тито‘‘, што фала им на америкаците. Ова не го пишувам за да му направам ќеиф на Каракачанов или Захариева. Јавно изјавувам ‘‘ што ги ебам‘‘!!! Бугар не станувам па цркнал. Јас само зборам вистина. Барем моја. Сериозен сум кога велам дека попрво би цркнал како Питу Гули отколку како ‘‘Бај Гањо‘‘. Ама, колкумина има како мене во државава?

Да му се вратиме на надворешниот епицентар. Исто онака како што албанците ‘‘кад – тад‘‘ ќе живеат во амбиент на ‘‘кај има Албанец таму е Албанија‘‘ па макар тоа било и во гео-мапа на која ‘‘сите постојат, ама границите ги нема‘‘, така и оската ‘‘Београд – Кајмакчалан – Солун‘‘ ќе постои се додека постои и последниот Србин на планетава. Нема шанси да не е така, а ние може да се правиме ќорави како Стиви Вондер. Вардарска Бановина постоела многу подолго отколку актуелна современа Македонија. Премногу српски коски лежат по македонското тло.

Грците успеаја да ни го сменат името, ама ‘‘попушија‘‘ што не успеаја да ја избришат ‘‘Македонија‘‘, па макар билка и Северна. Аха! А каде е ‘‘јужната‘‘?!? Локумадееес!!! Таа приказна ќе трае уште милениум. А, ние ќе пееме ‘‘ не се грчам, не се турчам ‘‘.

Бугарите се среќни што поради ‘‘Черното Море‘‘ ги бутнаа на клоци у НАТО и ЕУ. Да не се растури СССР со пресечување на Украина и Романија ( комунистичка) русите уште ќе им ја пиева крвта. А, тоа што си играат со нас како дете со ‘‘ звечка‘‘ не е поради тоа што се ОНИ фраери,.. него затоа што НИЕ сме не кохерентна лајна! Тоа ќе трае. Веќе водат со 1 : 0 !

А, згора на се, ако ‘‘геополитиката‘‘ реши Република Српска да се спои со Србија, Косово со Албанија, тогаш треба ли некому да се ‘‘црта‘‘ дека Македонија ќе стане ‘‘ аутобуска станица‘‘ на која секој бели мајмун ке моча зад грмушка, ќе грицка семки и ќе плука по земја, ќе секне нос у ќуше, додека автобусот не ги однесе у историја, а станицата никој нема да ја замете.

Е СЕГА ‘‘ПРАШАЊЕТО ОД МИЛИОН ДОЛАРИ‘‘!

Дали онаа цела болумента од првиот епицентар во колумнава е способна да каже ‘‘стоп‘‘. Ние се прашуваме овде. Не се заебаајте со нас. Ова е наш дом и ние одлучуваме кој може да бара да испие кафе на гости а кој не! Има ли муда таа болумента ( не заслужува подобар епитет) да застане и остане на нозе и покрај сите ‘‘нокдауни‘‘ кои ги јаде ко поп сарма? Ко легендарниот боксер у филмот ‘‘Роки‘‘? Т‘нка ми изгледа работата.

Со галактичкиот бинокулус одговорот кој ечи под синото сонце во Македонија се чита одговор кој не треба да се ‘‘зумира‘‘. Тој вели вака.

Ич не се трудите да не ништите, оти сами се ништиме. Не се трудите да не ничкосувате затоа што ако тоа го правите вие, ние ќе немаме со што да се бавиме. Не се бавите со нас! Сами си се бавиме! Не не крадете. Нема да ви оставиме ништо. Сами себе си ќе си се крадеме. Немој да не ‘‘дупите‘‘ оти ќе ни го одземете задоволството сами да се дупиме. Немојте да не понижавате и да не навредувате. Зарем не сме доволно бедни и мизерни.

Немојте да не негирате! Еве, зарем не гледате дека самите се негираме и множиме со нула.

Колумнава знам дека е очајна и депресивна. Разликата помеѓу мене што ја пишувам и оној што ја чита е во тоа што јас пишувам, а ‘‘мегапатриотот‘‘ читател ме чита и ми псуе мајка, сестра и ме тера у ‘‘пичку лепу материну‘‘. Уште ‘‘ ја, Шиптар‘‘ ја критикувам државата! Е, ај!?

Читателу, не ме терај у пичку материну, туку погледај околу себе, ќе видиш дека заедно сме одамна таму,... крајно време е да се враќаме, а не да газиме напред ‘‘ накај три‘‘...

‘‘денес над Македонија се раѓа‘‘...

Агим Јонуз

“Ќе има РЕВИЗИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ СУДЕЊА од оваа власт“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk