logo
logo
logo

ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ И ФИЛМОТ ТОМА, според нејзиниот сопруг

Vecer | 10.10.2021

ОВА Е ВИСТИНАТА ЗА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ И ФИЛМОТ ТОМА, според нејзиниот сопруг

Силвана Арменулиќ беше многу популарна југословенски пејачја, естрадна ѕвезда, а нејзиниот сопруг Радмило Арменулиќ, поранешен селектор на српската тениска репрезентација, ги откри деталите за нејзината смрт, што мисли за филмот "Тома", но исто така и како е да се биде сопруг на оваа голема естрадна ѕвезда.

Силвана Арманулиќ беше вистинска фатална жена во некогашна Југославија. Многумина беа обожаватели на нејзинот глас и емоциите, некои ја обожуваа заради изгледот и разголените големи гради, но само еден човек успеа да го освои нејзиното срце, и да ја заслужи титулата на нејзини сопруг и татко на нејзината ќерка.

Радмило Амренулиќ зборуваше за тоа како е прикажан нејзиниот сопруг во филмот "Тома", но и за трагичната смрт на Силвана Арменулиќ, по што Југославија беше завиткана во црно.

Љубовта меѓу Силвана и Радмило е родена во Гранд Хотел, а како овој тениски тренер беше освоен на прв поглед :

- Се оженив рано првиот пат. Тоа беше во 1962 година. Силвана трагично загина во 1976 година, па по 13 години повторно се женев, со Мира која долго ја познавав. Ја запознав Силвана во хотелот "Гранд", таму не одведе Павле, мој пријател кој подоцна почина а чија сопруга исто така беше пејачка: "Ајде да одиме во " Гранд ", ајде да одиме!" навалуваше Павле и - отидовме.

Силвана пееше а јас на Павле му реков дека не пее добро, ја знам песната и не се тие зборови.  Му го напишав исправниот текст за неа, и се сеќавам дека Силвана потоа ја испеа песната по тие напишани зборови, како што треба. Да, тоа беше, љубов на прв поглед. Таа беше во врска во тоа време со еден апотекар, наскоро се разделија и ние продолживме заедно. Отидовме во Германија, а потоа ни се роди ќерка, па тие дојдоа кај мене. Во тоа време, Силвана стана многу популарна по серијата "Љубов на селски начин".

Радмило и Силвана се венчале на 26 октомври 1961 година без знаење на родителите, по што заминале во кафаната "Видин Капија" на мала прослава. Врската со Силвана Радмило ја криел од блиските, бидејќи се плашел дека нема да ја прифатат сметајќи ја за “обична кафанска пејачка“, па ја претставил на блиските за прв пат во неговиот семеен дом откако веќе се венчале. Но, за тоа немало причина, родителите на овој некогашен тенисер и тениски тренер покажале задоволство и биле среќни од изборот на снаата

Радмило призна дека кога се сретнал со Силвана, имал мала плата, и дека не е вистина што може да се види во филмот "Тома" каде е прикажан како богат.

- Нема да го гледам филмот во кино. Решив да го гледам кога ќе биде објавен на ДВД. Ќе го купам дискот и ќе го гледам дома. Слушнав различни критики за филмот Тома, и врз основа на тоа можам да кажам дека филмот има промашувања. Деловите од односот помеѓу мене и Силвана не се точни.

"Да ми се јавеше Бјелогрлиќ за да се консултира, ќе им дадев снимки од кои ќе видеа дека Силвана беше среќна и секогаш насмеана жена, а не е тажна и меланхолична. Патем, таа имаше црна коса, и не беше плавуша во тој период. За тоа прикажување љубов и за нивниот измислен однос не би ни зборувал. Бјелоглиќ промаши. Во моментот кога се венчавме имав бедна плата и ни случајно не бев некој богаташ, како што во филмот сум претставен. Не знам што да кажам повеќе, но тоа што го слушам од оние кои филмот го гледале, тоа не одговара на вистината. Ќе бидам во можност да кажам повеќе откако лично ќе го одгледам филмот од почеток до крај.

Еден од најтрагичните моменти од неговиот живот е дефинитивно смртта на Силвана Арменулиќ, што се случи деновиве, на 10 октомври, пред 45 години. Нејзиниот сопруг, Радмило Арменулиќ, вели тоа што се случило таа ноќ до денес не е разјаснето:

Таа се враќаше од Александровац, таму имаше настап и во еден момент ја удрила главата. На враќање почувствувала главоболки, сметала дека не може да вози па некаде кај Колари го замолила Миодраг Јашаревиќ да се сменат и тој да седне зад воланот. Дали Миодраг имал криза со пад на шеќерот, или заспал, после што тоа се случило, ниту ден - денес не е утврдено. Тој не возел брзо, а веројатно по пад во кризата или заспивањето ногата му налегнала на педалата за гас и директно се судрил со камион. На местото загинале тој, Силвана и нејзината сестра Мирјана, која беше и бремена. И тоа е целата приказна, вели Радмило Арменулиќ.

Името на Силвана Арманулиќ беше тајна

Популарната југословенска пејачка е родена во Добој, на 18 мај 1939 година како Зилха Бајрактаревиќ, а името го сменила во Силвана, според позната италијанска актерка со која личеле.

- Моето вистинско име е Зилха, што значи рајски Цвет, а сепак во Добој пријатели и другари по прикажувањето на филмот "Горчливиот ориз", повеќе во шега, почнаа да ме викаат Силвана, бидејќи виделе сличност со актерката на Силвана Мангано - објасни самата Силвана во една прилика.

Науката докажа: Хомеопатија не лекува, тоа е обична глупост

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk