logo
logo
logo

Агим Јонуз

Операција опстаноик на Македонистан

Vecer | 12.08.2021

Операција опстаноик на Македонистан

Ми се забележува дека пишувам патетични колумни. Дека се црно гледам. Дека се обидувам да бидам интересен. Дека сум колумнистички шизик на батерии кој се просерава и кој е лицемер критикувајки ја стварноста, а у суштина сум нечиј дупелижач за пари и латентен ‘‘УЧК‘‘ кој со македонците шурува до пладне а навечер мафта со ‘‘шиптарски‘‘ бајрак.

Ма, ‘‘што ве е..м бе‘‘! Јас само сакам да живеам нормално во нормална држава. Арно ама, нешто тенко работава, нема нормална држава. Има само хаос, убаво спакуван државен апарат кој функционира како на шалтер кога ќе ти речат ‘‘паднал системот‘‘ и затоа ако сакаш нормална држава, молим ти се ‘‘доџи јуче‘‘!

Јас дури и не каажувам во целост се што мислам, зошто ми е позната онаа фраза изустена од диктаторот Иди Амин Дада која вели, ‘‘ да, постои слобода на говорот, ама за слободата после говорот не гарантирам‘‘!

Не сретнав човек на улица кој не е депресивен. Весел е само оној кој после 0,5 промили алкохол смета дека се е убаво ама ние сме неблагодарни кон бога и Зајко. Или некој/а надуван кој слушајки го Боб Марли у слушалки сеуште верува во приказната од текстот на песната ‘‘Let the Sunshine”.

И, успут среќен е оној на кого швалерката му обеќала дека утре ‘‘у толку и толку, таму и таму‘‘ ќе му даде еднашка. Ма, и тоа е веќе под знак прашалник. Молам да не ми се земе за кусур што ќе употребам една простачка ама мноогу автентична фраза. Вели, ‘‘кур не трпи нервоза‘‘!

Ако ми забележуваат за стилот и ‘‘ пис јазикот‘‘ барем нека имаат добра причина

Влегуваме во фаза во која јадел ти вакцина или не, сепак не си ни слободен, ни пак можеш нормално да се движиш и да функционираш. Башка, грогиран од веќе видени небулози, предупреден си дека уште долго ќе мораш да си опседнат со тоа дека ‘‘ама баш ништо не се мења‘‘. Може и бетер ќе биде, ама пошто ти си добро истрениран веќе година и пол, нема да осетиш. Ќе ти биде ‘‘ до мојега‘‘.

Дали некој размислил што е тоа што не убива у појам? Короната мање више во цел свет создава проблеми. Арно ама, низ цел свет нема толку глад, невработеност, долгови, очај и чемер. Има ли јавна информација која смирува, дава и подига морал, која те тера да веруваш дека вон доменот на твоите капацитети, некој работи за тебе и твоето добро? Онакво мое!

Не знаеш што е по парадоксално. Од една страна, веќе и нај неписмените разбраа дека се е отидено со ѓаволот, а од друга страна политичкиот ПР маркетинг ти пуни уши секој ден дека да не е,башка да не бил он до сеа, ви веќе би цркнал триста пати. Па ти си веќе цркнат бе! Која е разликата меѓу поимите. Сите се ‘‘ лепше од лепшега‘‘ а сите може комотно да му се припишат на народот во еден девеесет постотен дел.

А дефиницијата е следна.

Ти си липсан, кој ке цркне се додека не умре, за да биде на крај мртов.

Липсан си од умор. Да слушаш разни мајмуни, да се бориш за правда, да исправљаш криви дрини и да се убедуваш дека може и боље.

Цркнат си зашто си шаблонизиран зомби кој е свесен дека си го промашил животот затоа што на време не си го организирал поинаку. А, тоа подразбира што не си побегнал на време некаде у три пичке материне. Е, сега имало и таму корона! Да, има, ама елементарен достоинствен живот. Има социјала која вака или така функционира.

Дека ќе умреш еден ден, тоа ‘‘ зихер‘‘! Ама, тоа нема да значи дека си мртов. Има разлика.

Мртов си кога после сите нешта што го одсликуваат времето во кое живееме, ни кучиња нема на гроб да ти се помочаат. А, камо ли некој да те спомне. А, како да те спомне кога си бил најобичен морон кој не го дигнал својот глас, не си сменил ништо, си бил најобично гласачко ливче кое чекало на ред пред самопослуга, пред амбуланта, пред банкомат да извадиш пензија од која си можел да си го избришеш газот. Кога си живеел под опсесијата дека ‘‘има и бетер‘‘.

Си бил лигуш кој одел на митинзи да зева у оној што на бина како да е испратен од бога врискал ‘‘ за Македонијаа‘‘. На истата на која тој и расплакал маме и се што има. Ама, ти си го голтал тоа и си бил среќен што цуцлаш пиво у некое ќуше, кое друг ти го платил.

Сите ние сме живи мртваци. Јас би додал досетка инспириран од култниот филм ‘‘Професионалац‘‘ и би рекол ‘‘ нису комшије криве, МИ смо говна‘‘! Пред нос ти се распаѓа живот, семејство, држава, која бај д‘ веј џабе ја браниш од душмани кои ја нарекуваат онака како што ти не сакаш. А, знаеш и сам дека не е ‘‘Северна‘‘ туку дека е ‘‘Македонистан‘‘.

Како да се опстане!?

Опстанокот не подразбира основно биолошко задоволување на потребите и стомакот. Опстанокот подразбира да бидеш жив! Што подразбира ‘‘да бидеш ‘‘жив‘‘!? Па, да ти има животот некаква приказна. Ама, не усрана. Жално. И немојте да мислите дека тие што имаат многу пари во Македонија се среќни. Тие се само богати, ама не и среќни. Тие се само привилегирани да не мораат да цркаваат секој ден, туку еднаш. Под услов парите да не ги изгубат брзо. А, нечесно заработени пари се ‘‘ арам‘‘пари. Како дошле – така ошле‘‘.

Македонија е веќе распадната земја. Ви требаат наочари? Идите ако не на Зелен Пазар ‘‘ на жица‘‘ има ефтини. Диоптерот е ‘‘набафтана‘‘ како и впрочем целата приказна за Македонија. Барем оваа современата. Така, сеедно со кој диоптер ја гледаш.

Copy – paste цитат!

Ми се забележува дека пишувам патетични колумни. Дека се црно гледам. Дека се обидувам да бидам интересен. Дека сум колумнистички шизик на батерии кој се просерава и кој е лицемер критикувајки ја стварноста, а у суштина сум нечиј дупелижач за пари и латентен ‘‘УЧК‘‘ кој со македонците шурува до пладне а навечер мафта со ‘‘шиптарски‘‘ бајрак.

Ма, ‘‘што ве е..м бе‘‘! Јас само ја гледам вистината во очи! Онаа,.. змијана – вистина!

Имам ли идеја!? Имам ли предлог?! А, што и ако имам! На крај краева па и мене ‘‘кој ме е.е‘‘!

А вас!? ... ( признајте, ке остане што викаат шиптарите ‘‘ меџу тебе‘‘).

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk