logo
logo
logo

Агим Јонуз

Напупени пред историјата

Vecer | 06.03.2021

Напупени пред историјата

До каде се доведовме!? Да! Не докаде не доведоа, туку до каде самите се доведовме. Тие секогаш ке сакаат да не доведат, ама ние нема да се даваме никому, нели!? Освен, самите на себе си и сопствените чељусти на мизеријата и бедата која носи чемер, чад и смрад!

Некаде причитав една мисла која одсликува се! Вели,.. ‘‘ако отидеме ке изгориме, ако останеме ќе изгниеме‘‘. По точна дефиниција за нашата стварност не постои. Македонците не си ја почитуваат државата и си играат дрндупка со нејзината сегашност, која носи адекватна иднина. Албанците остај ги на страна! Тие бездруго се тема триесет години како антихристи.

Ако еден ден ја изгубиме државата, нема место за паника! Барем национал романтичарите и оние кои од зад завесите на мега патриотизмот направија империи, ќе имаат материјал да пишуваат историја која ќе биде автентична исто колку и локацијата на Ноевата Арка на планината Арарат. Величајки се секако себе си како трагичари и жртви.

Бездруго, тоа е она што го носиме како историја, а сега и по таа наша историја некој да простите ‘‘ се посеруе‘‘, додека гледаме како телиња во шарена врата. Научени да се ‘‘пупиме‘‘ додека кубурот ни стои на појас за ‘‘ не дај боже‘‘. Простете ми на простаклакот, ама дефинитивно крајно време е тој кубур да си го набиеме у г‘с !

Напупени сме пред актуелната историја, а богами и иднина од повеќе причини. Со спуштени гаќи и благотелешка насмевка која одсликува амбиент на ‘‘Боже прости, толку ме бидува‘‘!

Растурени секој по своја политичка калдрма. Да! Калдрма, зашто да беше политика ќе беше пат со сите нишани. А, патот има правец, има и кривини, има и банкини, има и знаци кои предупредуваат. Ние имаме политички правец кој како средновековна селска запрежна кола се тресе и подскокнува по калдрмата преполна со лајна која од ‘‘зорт‘‘ ја серат воловите.

Дезинтегрирани до ниво на ДНК. Држава чиј народ носи архаично наследство на ‘‘брат со брат не збори‘‘, не бара посебни зборови за одсликување. Куќи во кои браќата не зборувале ги изела зелена трева и од куќите направила само тумби сред пољана покриени со ‘‘рузмарин, сњегови и шаш..( Дугме) ‘‘.

Од такви тумби остануваат само спомени. И романтика, наместо грне сред соба во кое на огин се вари графче.

Закрвени до ниво на душманлук. Секој меѓу себе во својот атар, а атар против атар. Со желба за освета во прв следен момент, и со омраза која како токсин е по опасен од змијскиот каснеж. Без било какви знаци дека некој сака да ја натапка закрвавената земја, да посее жито и да го изеде почвата трулежот на душата.

Должни ‘‘ и богу и народу‘‘.

Земја на пипер, патлиџан, кромид и сенешто во која пиперката станува луксуз, е земја која изумира. Земја која со години живее на ‘‘вересија‘‘ низ кредити за да може да ‘‘глуми господа‘‘ во бели ракавици мора еден ден да го плати данокот на безумието.

Не мора никој да те ‘‘окупира‘‘! Едноставно, те купува! Дури не мора ни да те купи. Сам си се продал, дури и си го молел. Тој само си го зема она што чесно го платил, а ти си го продал. Си ја продал душата, ексик нека е останатото.

Несериозни како мало дете пред огледало. Македонци, не им дадовте на албанците пример како се сака татковина! Ги спомнувам албанците затоа што тие се дежурниот ‘‘ Нека виси Педро‘‘ виновник. Амбиентално, тие воопшто не се подобро цвеќе за мисирање, ама вие сте носители на името. А, за името, нема да дискутираме, боли! Боли вистината!

Напупени сме пред историјата по многу основи. Таа ќе суди.

Дали некој мисли дека со бугарите ‘‘туку-така‘‘ ќе се изгладат нештата?! Не е прашање дали ќе изгубиме нешто, туку прашање е ‘‘колку‘‘ ќе изгубиме. Поготово во амбиент и ситуација во која тие гледаат дека имаат работа со куќа во која ‘‘брат со брат не збори‘‘. Лесно е да запалиш куќа во која браќата не ги интересира домот, туку сопствениот газ!

Напупени сме пред одговорноста да ја зачуваме државата. А, како!?

Напупени сме пред младите генерации, кои додека бегаат да почистат некој клозет во Германија, не сакаме да признаеме дека сме им дури љубоморни што бегаат. А испуштаме лажни солзи дека ни е жал. Колку да ни помине адетот татковски, во смисла, ‘‘те одгледав те одшколував а сега те губам‘‘. Си се изгубил ти самиот себе си ‘‘стоко‘‘! Детето не го губиш, тоа никогаш нема да престане да ти биде дете, го губиш нај светото... смислата на постоење!!!

Напупени сме пред предизвикот да постоиме. Напупени пред сопствената трулост!

Ех, Војдане Чернодрински, од каде ли ја извади мислата кога ја пишуваше драмата која носи наслов нај адекватен за денот денешен, под сонце богово 2021-во!

Од главата си патиме,... така беше?

Напупени сме пред историјата луѓе! Да не пише, или да не брише. Да не има или да не нема на крајот од патот.

Ако грешам, нека изгорам,... ( Пепи покоен, спокој му на душа)...

Така и јас,.. седи, мисли,.. мисли,... па, цркни!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk