logo
logo
logo

Како живеат Кинезите на Балканот? Еве што велат за нашиот менталитет, жени и ноќен живот (ВИДЕО)

Vecer | 25.05.2021

Како живеат Кинезите на Балканот? Еве што велат за нашиот менталитет, жени и ноќен живот (ВИДЕО)

На Јутуб каналот “SAO Documentary” може да се најдат голем број на видео снимки на кои едно семејство со потекло од Кина го раскажува животот на Балканот, односно вели дека и покрај години живеење во Србија тие се уште се чувствуваат како странци во балканско опкружување.

Во над 50те видеа во времетраење од 11 минути семејството Канг од Кина зборува за своето искуство со животот и секојдневие во Србија. Она што посебно го истакнува е нивното задоволство од храната и ислучителното познавање на луѓето за политичките и историските настани.

Ова семејство вели дека животот во Србија им одговора особено поради ниските цени за живот, барем за нивните џебови.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=A6uBZUZhZnk&feature=emb_title[/embed]

Еден од главните актери, главата на семејството Канг кој живее во Србија од 2017 година во видеата вели дека живеел во Америка пред да се пресели на Балканот.

Тој решил да се пресели во Србија поради тоа што му се допаѓал менталитетот на српскиот народ за кого вели дека е љубител на кафе и вкусна храна. Што се однесува до алкохолот тој вели дека пијалоците се добри, но и јаки.

Белград пак го опишува како “сиромашен и секси” град со општество кое има шарм. Исто така и додава дека Србија е идеална земја за започнување бизнис и тоа поради фактот дека е подобро позиционирана во споредба со другите земји во регионот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=lqlscSsCJiA&feature=emb_title[/embed]

Ова семејство вели дека е изненадено од одличното познавање на англискиот јазик на жителите на Белград.

Главата на семејството пак исто така ги искоментирал и српските жени. Тој вели дека причината за убавината на српските девојки лежи во разновидноста на народите кои живеат “хибридно” на Блакнот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=g00FHZAmdpI&feature=emb_title[/embed]

Според него, ноќниот живот во Србија е одличен.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=UeydnJ3kLo0&feature=emb_title[/embed]

-Во српските клубови ги запознав Роналдињо и Неимар. Ноќниот живот е одличен, но понекогаш многу гласен, завршува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk