logo
logo
logo

Агим Јонуз

Бал, макенбал и бричење на суво

Vecer | 24.07.2021

Бал, макенбал и бричење на суво

Двајца брадосани лепотани се расправаат у собрание дали да е бал или маскенбал.

Чудна работа, брадосани, а нити се комити нити се четници. Уствари, дознале можеби дека е секси да се носи брада. У старт маскенбал. Зошто, да е бал, треба да се уредно избричени, тасмосани, да стаат ‘‘леванта од тие скупите‘‘ и да свртат по еден валцер со некоја дама.

Овака, џабе препуцавање. Работава е ‘‘зурли и тапани‘‘додека зад кулисите се слушаат ‘‘пискотници од Галичник до Река‘‘ ( Сердарот).

Оној Апасиев да го немаше требаше да се даунлодира на интернет. Унесе страшно ‘‘весеље‘‘ на политичката сцена. После ‘‘рахметли‘‘ ( покојни) Амди Бајрам, првата особа која сите едвај чекаат да излезе да каже нешто. Со тоа што Амди Бајрам колку и да го болеше онакво за се, никад не изразил дека не ги сака Шиптарите. Оваа брадата лепота само што ачик не ги отера у пичду материну!

Од ‘‘ПР‘‘ бинокулус, феноменот е експлицитно тој! “ audiatur et altera ( Апасиев) pars”!

Да! Ама на Амди Бајрам му цветаше бизнис у чаршија, беше курназ. Овој нема ни тезги ни фармерки ‘‘оргинал‘‘ Левис. . Има дипломи, па си регулира живот на свој начин. Негов проблем. Арно ама, има маса која го обожава. Свака част. Писмен чоек. Респекат. А, зашто маса го обожава?

Па затоа што најверојатно како ‘‘левичар‘‘ маестрално мава по политичките бубњеви и дига галама. Арно ама, едно е да свираш, друго е да лупаш по бубњеви. А, каде ти е у позадина гитара, па бас, па оргуљи, па сисата певаљка... ееее !

Туку да не биде дека ја се занимавам со Апасиев како личност, нит го знам лично нит го познавам, сум сретнал у живот многу такви лепотани како модел. Нека ми прости ако ја чита колумннава лично што го нарекувам лепотан, па то је комплименат бе! Иако, не е мој тип, што би рекле ‘‘ да сум женско никад не би му дал‘‘!

Туку, да се вратиме на собранискиот бал и маскенбал и сите тракатанци кои се опасност за блокирање на нормалната работа на собранието во време во кое доколку се блокира може да донесе до сериозна политичка криза, или да отвори врата за нови парламентарни избори.

Иако, и едното и другото се во моментот пукање во ионака гангренозна нога.

Собраниете се повеќе и повеќе личи на некој собир на мудреци и курнази отколку на асамблеа на сто и дваесе по број писмени луѓе. Поготово не на асамблеа која треба многу добро да знае што е државен интерес и приоритет за добро на државата . Не и на држава со про-европски приоритети и желба час поскоро да се стави како звезда на синото европско знаме.

На Македонија и се случува еден нов феномен кој е ништо помалку непродуктивен од сите непродуктивности до сега. Тоа е еден нов модел на политичари кои како оние двојца старци у Мапет Шоу седат на балкон и критикуваат се живо. А, никој не дава конкретни решенија. Предлози – да,.. колко да мине она ‘‘нисам ја шалабајзер‘‘ како ти мислиш.

Каде води тоа?!

Ако веќе Македонија е заложник на политички султанати кои не доведоа до кај што сме, најмалку се потребни политички сателити кои сето тоа го критикуваат а уствари се интересни само затоа што се критички свртени кон нив. Искуството покажа дека малите партии и индивидуални политички ‘‘ трубадури‘‘ се само гол политички бизнис во смисла, ‘‘ ионака кај големите нема место, дај барем да им мутиме вода‘‘.

Башка, ‘‘ ќе си ги дупиме како сакаме ‘‘ кога ќе им требаат гласови у собрание, ќе си ќариме директорски места ваму-таму, а на крај како најситни глодари ќе нанесеме штета ако веќе не можеме да донесеме бериќет.

Додуша, тоа не е само кај нас, и други земји со парламентарни демократии имаат сличен или ист проблем, ама решиле многу нешта кои ние не можеме, а се од суштински карактер. Ние се уште суштинските проблеми не сме ги решиле во однос на квалитетна изградба на држава. А, цело време што би рекол народ ‘‘ прдиме од високо‘‘.

И така, интересна е една работа која олицетворена во новиот модел на практикување политика во смисла ‘‘ р‘џавом курцу и длаке сметају‘‘. Го амортизира гневот кај граѓаните како гласачко тело, не е ни СДСМ, ни ДУИ, ни ВМРО, а у суштина е сето тоа заедно затоа што и покрај коловозната лента во која си зацртал дека ке вози лево, вози на сред пат по дупки и се дере цело време ко у филмот Ко то тамо пева ‘‘ Татааа види могу да возим и без руку‘‘!

Не го спомнав Апасиев. Не ми ‘‘смештајте‘‘.. wink,..wink!

А државата? А законите? А на вујна му чорапите!?...

Колку и да звучи нихилистички, да не испаднам и јас ‘‘ р‘џави курац‘‘ мојот личен став е дека оваа земја не оди никаде одамна на начин на кој ја практикува политиката.

Нови избори нема да променат ама баш ништо. Нова политичка криза не може да има затоа што земјата е бездруго перманентно во политичка криза.

Ако некој праша каде е решението, тоа е едноставно. Тоа е итно седнување на маса, создавање широка влада на национален спас со споделување на одговорностите, а не нивно употребување како адут на неуспех на политичкиот противник и за лична афирмација.

Под итно Македонија мора да престане да биде заложник на политичко препукување ‘‘ради реда, да престане да биде политичкиот модел на претставник ‘‘ р‘џавом курцу и длаке сметају‘‘. Аман више.

На крај сите ќе бидат избричени на суво кога ќе ја изгубиме државата, па бил тоа Таљат, бил Апасиев, бил Курто, бил Мурто! Нека се престане со мафтањето дека Македонија е во опасност по нејзината иднина.

Знаете зошто!? Стана банално! Таа е одамна во опасност. Дајте нешто ново бе! Аман!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk