logo
logo
logo

Агим Јонуз

Ш..... на шведска маса

Vecer | 02.02.2021

Ш..... на шведска маса

У здрави држави, само со притискање на еден ‘‘ентер‘‘ се решаваат многу сериозни проблеми. Се дава одговор на многу прашања. Не им треба попис од врата на врата како залангури.

Така се брои стока а не народ. Луѓето точно си знаат колку државјанства има, кој од на која мајка му дошол, што е по потекло, а бе се! И да заебат ‘‘плус – минус‘‘ еден посто не мења ствар. Битни се бројките, кои создаваат округла бројка, а не како ние се тепаме унапред дали некој ке има ‘‘ и три од карти‘‘.

На Македонија и претстои еден по многу нешта специфичен попис. Јебеш бројка на население, сите се свесни дека бројката е мање-више таа. Проблемот е у друго.

Во амбиентално биполарна држава која има ‘‘проблеме са собом‘‘ а со оглед на тоа дека одамна се прават есапи ‘‘на тепка‘‘ едно од нај битните прашања ке биде ‘‘што и колку е турско, а колку каурско‘‘. Ова доаѓа од сериозно социо-политички причини.

Се е тоа до некаде разбирливо во мулти етнички општества освен една работа која да не е смешна би била трагична.

Јас можам да го разберам оној момент во кој сите сакаат да знаат точно колку се албанците па да си се стават нештата на свое место, ама не можам никако да ги разберам македонците. Како да не сакаат да знаат колку се тие. Вакви ајванлаци нема ни у Танзанија!

Едн пријател етнички Mакедонец, онака со кафе денес ме изнасмеја со една фраза. Вели, а бе вие ‘‘шиптарите‘‘ без да знаеме точно колку сте вие колку ние, сте ‘‘на шведска маса‘‘ у политикава. Може да си играте уште долго курташак со претпоставени бројки. У меѓувреме ние колку и да ‘‘се кроиме‘‘ колку и да се броиме, очи ке си ископаме зашто ако се сложиме барем у нешто, тоа не ќе да е на арно.

Дали држи досетката дека се додека не се знае колку точно има ‘‘немакедонски‘‘ етникуми, сите се на ‘‘шведска маса‘‘ у политиката, особено албанците. И да, и не! Та, колку и да сме држава која по многу нешта е ‘‘ село без кучиња‘‘, сепак некој редови и адети постојат.

Првата и нај битна, е реалната бројка на популација во Македонија. Тоа е од безброј причини. А, дури после, за внатрешна потреба и уредување е битно ‘‘што е турско а што каурско‘‘. Државата оваква или онаква функционира, па макар на ниво на редовно пристигање на сметки за струја ако ништо друго. Арно ама, смтката за струја нема ни етнички, ни верски, ни расен префикс.

Ајде да им се вратиме на ‘‘шиптарите на шведска маса у политика‘‘. Албанците воопшто не се виновни што нема попис, или барем што никој не се потепал да има!

Конструктивноста на албанците во општествово е на највисоко ниво во делот на одржувањето и опстојувањето. Е, сеа колккави и какви се резултатите, тоа е друго прашање. Ама тоа исто прашање подразбира и ‘‘ а да не се попаметни македонците‘‘!

Простете, ама вистината е таа. С‘ ким си такав си.

Е па, кога ќе влезеш на свадба каде што има ‘‘ шведска маса‘‘, нема тука ‘‘ аман бе што направи, се изеде‘‘! Дали Македонија е отворена шведската маса се додека не се знае кој етникум по кој критериум на бројки има место во политиката.

Има уште една сигурна работа, а тоа е податокот кој вели дека колку и да е, кога бугарите конечно ќе го објават списокот на ‘‘пасоши, а со самото тоа и бугари‘‘, сме наебале. Одма отварај место на шведската маса и за една нова бугарска партија.

Пописот ќе биде или не, има една српска досетка која ‘‘с‘опроштење‘‘ вели ‘‘ма, сунце сија и после тебе, према томе, ко те јебе‘‘. А, бугарите на тоа ќе речат ‘‘Јебал, не јебал, пари сум дал‘‘ ( читај пасоши)!

Оваа година ке има многу папазјанија за голтање во политичкиот микросвет во Македонија. Можеби е и добро, зошто тоа на власта ќе и помогне во дефокусот од празниот стомак.

Македонија по многу нешта е шведска маса. Директно зависна од Кале, оставена на ветрометина спрема потребите на регионалната геополитика, од масата си зема кој што сака. Кој име, кој идентитет, кој на вујна му чорапите, државата стана отворен ресторан во кој секој клошар од улица може да влезе и ‘‘ да боцне нешто‘‘. Така е тоа кога имаш ‘‘рачун без крчмара‘‘. Зошто да имаше рачун ке имаше и евиденција. Вака не знаеш ‘‘ко је кога јебо, ко је кога тукао‘‘.

Кога еден ден ке бидеме вакцинирани, ќе ни фали пандемијава. Таман Дарвиновски се навикнавме и прилагодивме на ‘‘ да биде се наопаку‘‘. Кога ќе дојде време да ги исправаме нештата ќе ни се појави уште една голема дупка. Државните долгови.

Тогаш, а во ситуација на пропаднати бизниси, невработеност, долгови, очај и празна државна каса, единствениот начин за државата ќе биде да собира пари од народот кои ги нема. Даноци, наплата, извршители...

Дали можеби тогаш на народот ке му дојде ‘‘ жута минута‘‘!? Не! Категорично. Крајно се извинувам за простаклукот, ама има една стара чаирска која вели ‘‘ ионака не можеш да го ебеш народот онолку колку што тој може да издржи‘‘!

Е да!... простачки е, ама автентично и вистинито.

Македонија допрва ќе биде ‘‘шведска маса‘‘. Па не Шиптари на шведска маса, уште монголи ке фалат. Кинезите веќе ионака се на софра, комчилутот со мрсна уста и прсти до јаја,.. а само еден господ знае кој уште ке рече ‘‘ дај бе да к‘снам малце‘‘!

Отидовме сите у пичку лепу материну,... С‘ опроштење, де!.... тууу ама сте цепидлаки.

СМАЈЛИ!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk