Мојот син, и мојата ќерка, и сите ќерки и синови се како моите со истото право на избор, право на свој белег по патот на кој се веќе одамна. Од нас почнало, со нив продолжило. Времето е нивно, наша е само уште надежта. Контролата врз иднината ја губиме со политиката последниве години. Време е тие да ја преземат судбината во нивни раце.

Мои ќерки, и мои синови на вас се чека. Ние ја заебавме работата. Нашата војна е загубена. Многумина од нас над 50 прифативме да бидме зомби суштества за забава на една Фамилија, бродот во кој сме сите е пред тонење. Лудаците ја освоија лудницата, и се понатаму е само работа на време. Колку си поразличен од нив, толку повеќе ќе патиш.

Се трудат да не навикнат на живот во прљава, влажна мочвара и во тиња. Да бидеме зомби. Да ја живееме мантарта “чувај Боже од бетер“, да ќутиме одбивајќи да признаеме дека тоа бетер е сега, и тука. Ако некој ја дигне главата, зомбите сами ќе го решат. Клонираните зомби работат за нив. Ние шепотиме: “Чувај Боже од бетер“.

Но, Господ дигнал раце од нас, од тие што душата им ја дале на избирачка кутија. Ја дале за ианет на комшијата, за атер на тие што во транзицијата ги оставиле без работа, во војната без одбрана, во пожарите без пожарникари, во болниците без лекови, во школите без книги… Ја дале душата на Фамилијата, божем на вересија ама испадна поинаку.

Откако со гласот за нив на избори ни ја земаа и душата, го добија нашиот молк и согласност помеѓу изборите. Па мрчиме само меѓу себе додека во овие есенски денови на тенеќе вртиме пипер за ајвар и полниме тегли со љутеница. А кога човек ќе заборави кој е, и кој бил, нема веќе иднина. Ни самиот себе не се препознава, и признава.

Па, мои синови ќерки, ние до овде можеме. Понатаму, зависи од вас. Вие кои сте сега во дваесеттите, во триесеттите или малку постари знаете дека се треба да биде поинаку. Вие одлучувате прифаќате или не да бидете следни зомбирани. Како многумина од нас. Патот надвор од оваа тиња, оваа мочвара е долг. Но, првиот чекор е на избори.

На вас ќе ви биде потешко. Ние имавме свои идоли од кои учевме: од Азра, Бајага и Бјело дугме до Балашевиќ. Од Иво Андриќ, Момо Капор, Петре Андреевски до Сол Белоу и Исак Сингер… Никола Мартиновски, Горан Стефановски, Љубиша Георгиевски, Плевнеш, Мето Јовановски… и пак наебавме. Вие сте сами, со вашите видео игрици, фејвови и лајкови.

Јас не можам да ви дадам многу памет, многу сила и енергија да успеете. Ни јас, ни ние над педесетата ја немаме многу. Но, можам да ви посочам каде ние ја заебавме работата за да не се фатите во истата стапица, и да ни се придружите во оваа темна магла и тиња.

Ние сме луѓе, не има разни, но желбите ни се заеднички. Они се бездушна машинерија, богати олигарси без емоции. Слаткоречиви парадери и манипулатори. Нема кај нив ни П од политика, од патриотизам, од подем, од пријателство, од правда. Само пизма и пари.

Мои ќерки и синови, гледате наоколу, шетате, мање-више работите ви стануваат јасни. Но, не разбирате зошто тие над пеесет не преземаат ништо да ги решат. Зато што се зомбирани. Заборавиле кој се, останал само условниот рефлекс да се гласа за Фамилијата, да се ќути и следи, затоа што “чувај Боже од бетер“. А колку бетер од ова може да биде?

Воспоставија моќ и контрола. Фамилијата со нивните “невладини “, преку нивните портали и ботовите зад социјалните мрежи ќе ве успиваат и зашеметуваат со големи зборови: Слобода, Еднаквост, Иднина, Демократија, Просперитет… Европа! Некаде тоа значело нешто. Овде тие пароли се само сирењето во мишоловката која ве чека.

Ако тргнете да барате правда, не губете време. Обвинителите се нивна СС дивизија создадена низ СЈО, а потоа разместени наоколу за да шират влијание и одлуки за потреби на Wolfsschanze, на волчјото дувло. Судиите се одамна под контрола, кој се пази затоа што е корумпиран, кој е кариерист без покритие. Затоа, не очекувајте правда низ системот, додека е овој систем. Тие се реинкарнација на комунистичкиот тоталитаризам.

Кога ќе ви спомнат Слобода… Никаде во светот политичката левица не донела слобода. Никогаш. Во најдобар случај, откако граѓанската слобода ја донела политичката десница тие успевале да ја одржат во живот. Хитлер е социјалист, потоа националсоцијалист. Сталин е комунист. Мао Цедунг е комунист. Тие се левицата која создала модел, пример и систем што го обележал векот на левичарите. Нашата Фамилија се нивни апостоли.

Првиот канцелар на Германија по втората светска војна, Конрад Аденауер, кој успеал за петнаесет години да ја врати на нозе, и да ги санира трагедиите на националсоцијалистот Хитлер е – политички десничар од Демохристијанската партија.

Најголемата придобивка за слободата последниве два века, укинувањето на ропството, е избор и дело на политичката десница. На Републиканците и Линколн во Америка. Демократите, левата страна, гласале против. Да победеле левите Демократи светот веројатно и ден денес ќе имал робови. Толку за слободата што ви ја мафтаат пред нос.

Кога Апасиев од Левица јавно ќе порача дека “ги поседува гласовите на младите“ дали ти се дига косата и ти се буди гнев? Дали сакаш да му кажеш дека никој не го поседува ни твојот глас, ни тебе ни твојот живот. Ни твоте родители не можат да го кажат тоа за своите деца, а најмалку он, некој си јебиветар паднат од некаде во оваа политика на просечните.

Млад човек е свој, очекува да има избор, да живее и делува во однапред познати правила да знае што треба да направи за да го добие тоа што го очекува, и да стаса каде што тргнал. Па, мои синови и ќерки, го гледате ли тоа околу себе. Пет години имаат власт, да сакаа, да знаеа, досега тоа и ќе го направеа. А не го направија, ниту ќе го направат.

Можете ли да верувате на премиер кој тврди дека “марихуаната лекува рак“! Во 21 век го слушаме тоа! А тој е ментор на полињата марихуана, и промовира свој бизнис.

Нас не заробија во “чувај Боже од бетер“, вас ви нудат кодошење и пароли без покритие. Да се лечите од рак со марихуана, а од корона во нивните напалм пластични болници.

Девојки, и момци, кои шетате наоколу ги гледате ли младите надобудни главати шефови како, на ваша возраст, паркираат Поршеа, Беемвејци, долги Аудија пред дискотеки и кафичи. Не се постари од вас, имат моќ, имаат пари, ги имаат вашите девојки и другарки. Кои се тие, што дале за партијата, за Фамилијата, за власта, па и за државата за да им го овозможи тоа? Ништо, освен легализација на нивниот криминал во замена за гласови.

Или се дилери, или се партиски извршители. Знаете дека во секој поголем кафич се дели дрога. За ваши пари, за нивни ќар. Скоро па да е тоа јавно. Кој им го дал тоа право, кој мижи пред нив додека вртат милиони и навлекуваат стотици нови жртви. Власта. Само оној што моќта ја има може да ја подари на друг. И да му гарантира заштита од полиција, обвинители и судии се додека врши работа за партијата, и особено за Фамилијата.

Каде сте вие, мои синови и ќерки, во таа шема. Пазачи, бадијалџии, муштерии за полче бело позади шанк, или во женско ВЦ… Каде сте вие иљадници ќерки и синови кои ги навлекоа во нивната шарена револуција. Ништо од фразите за Слобода, Правда… не добивте. Доцна разбравте дека ве изработиле за нивна власт и нивни кеш. На вас не ви даваа по 100-200.000 евра за дресирање магариња, за лажни изуми и иновации, не ви плаќаа за едукација во фризерски салони, за куртони и лубриканти… Не. И власта, и моќта и парите ги поделија меѓу себе. На вас ви останаа само разочарувањата. И паролите.

Левичарскава политика, оваа која денес ја предводи Фамилијата, е тоталитарна. По сите правила и модели на тоталитаризмот: Окупирај го мозокот на младиот со пароли. Одвој го од фамилија, натерај го да се откаже од нација, од својата природа па дури и од својот пол… Потоа, осамен, изолиран и дезориентиран тој е целосно твој. Подреден и послушен.

Модел на бришење било какво памтење и припадност, освен нивното твое поседување.

Затоа во школите почнаа да ги учат дека нема веќе татко и мајка, туку само родител еден и родител два. Фамилијата не постои. Нема веќе нација, традиција, вера или историја. Ништо што е доказ за континуитет и корен а не е нивно, не треба да постои. Денес се плаќа за тест од корона, за бајпас или стент, ама промена на пол во болница е бесплатна.

Мои синови и ќерки, кога ќе се откажете од вашите татковци и мајки, кога ќе станете пациенти на нивните нарко дилери и партиски комесари, кога ќе се откажете од својата нација која треба да стане небитна, кога ќе го смените полот и тоа бесплатно… што останува од вас. Останува само дезориентирано зомби под нивна контрола.

А потоа, ќе завршите во нашата мочвара. Во тињата и маглата, и ќе чекате некоја нова генерација која е подобра од вас. Вашето завршило. Па, спремни ли сте да им го испорачате тоа. Дали навистина тие и некој шарен Апасиев ги поседуваат вашите гласови.

Мои ќерки и синови, сакате слобода и независност. Сакате да имате избор, не ги барајте кај нив. Тие контролираат се. Нивни се контролите на Фејсбук преку Вистиномер и Цивил. Што ваше не им е по ќеф, репортирано е, блокирано или избришано од Фејсбук и Твитер. Нивни е мониторингот на изборите преку “невладината“ Мост. Нивна е контролата врз невладин сектор, од Метаморфозис па се до Анима мунди. Нема свој избор со нив.

А Европа? Таа што ви ја ветуваат, и само што не стасала на железничка станица со возот кој не ни тргнал од Брисел. Нема Европа со нив. Погледнете, европјаните не се зомбија.

Мои ќерки и синови бидете свои, храбри и одлучни. Вие сте последната надеж за своите родители, роднини и комшии. На крајот од денот, кај нас се враќате и со нас ја делите софрата, стравовите, плановите, болестите, успесите и судбината. Не со нив.

(Д.П. Латас, 27.09.2021)