logo
logo
logo

Скопје е град на уплашени фраери и препич џетсетерки

Vecer | 07.03.2021

Скопје е град на уплашени фраери и препич џетсетерки

Скопје – градот на уплашените фраери и уфилманите џет-сетерки. Во последно време ако ме прашаш како би го дефинирал градот наш убав, само ова би ми паднало на памет. Зошто? Зошто само тоа гледам. Да, можеби и мене перспективата ми е веќе искривена, можеби само такви луѓе орбитираат околу епицентарот на моите збиднувања, а можеби и се’ е отидено у курац, па не сум далеку од вистината. Како и да е, едно е сигурно – нешто тука е многу „модерно“.

Скопје во последно време има две екстреми. Едната ги тангира луѓето на возраст некаде од 30 до кај 35-6 години или според мене, „збунетата“ генерација. Генерација која потенцијално и видела подобри времиња, фатила нешто од претходниот систем што наликувало на некакви си вредности и потоа со огромна сила била втурната во вортексот наречен агресивен капитализам. Ни ваму, ни таму.

Голем дел од луѓето кои ги знам од оваа карниворска група се’ уште се сингл. Девојките се’ уште мислат дека е крајот на деведесеттите, дека се во екот на шемата и дека можат да палат-гасат низ градов како некогаш, дека брак и сериозни врски се простата раја. Нјуз флеш – стареете, ви чука биолошкиот часовник, ви паѓа вредноста, кај и да е никој нема да ве рецка два посто, олабавете со препичот.

Мажите пак, живеат во филм дека истите финти од пред 10 години уште палат и се тешат дека тие може стареат, ама средношколките остануваат исто годиште. Мда… не. Веќе не проаѓате кај малите со шема сепаре и флаша. Денешниве деца се растени во време на аздис каде што имаат се’ што ќе посакаат. Сакате мини спонзоруши – ќе треба ќесето малку повеќе да го одврзете во денешно време; ако воопшто имате толку внатре.

Тука спаѓаат и оние мажи и жени кои иако во некој момент се скрасиле – сега се „среќно разведени“, бидејќи они не можат да бидат со некој кој им се кара и не е спремен да им трча по гзот. „Она мене ќе ме испрашуе, кај сум, што сум и што праам секоја ноќ? Па кој ја ебе бе, брат, не ми треба таква; па не ми е мајка да и’ рапортирам на секои пет минути!“ Кој ја ебе? Па очигледно ти не, пошто си зафатен да и’ рапортираш на мајка ти. „Он мене ќе ме тера да му готвам и да му перам алишта? Па не сум ја чистачка и готвачка, бе! Ако сака таква, нека си плати слугинка!“ Па сестро, ако веќе плаќа, најверојатно нема да биде слугинка и сто посто нема да биде за готвење и чистење.

Другата екстрема, пак, тангира млади од 20 до 24-5 години кои набрзинка се мажат/женат преку ноќ. Тука веќе правилата исто така се целосно изместени. Не се знае кој пие, ни кој плаќа. Едната логика зад ова е дека денешниве генерации почнале многу порано да прават се’, па веќе до 24-5 се изживеани, па решаваат да се спарат со време додека воопшто имаат избор; гледајќи го примерот на нивните постари колеги и колешки кои на 34-5 се уште си играат „Сексот и градот“, а на кои само градот им останал. Сексот одамна не ги дружи у град.

Другата логика е во последно време некако многу лесно почна да фаќа семево македонско, па затруднувањето крши рекорди. Дали кампањиве за наталитет вродиле со плод, и тоа буквално, не знам, ама знам дека еден тон млади преку ноќ станаа родители. Немојте да ме сфатите погрешно, тоа воопшто не е лоша работа; се додека сте спремни за таква голема одговорност.

Откако ги елиминиравме двете екстреми ни остана она од почетокот – средината, или она што остана по градов. Уплашените фраери се голем процент од машката популација што хара по градов. Тоа се у принцип дечки со изработена шема на дејствување. Научиле пет финти и само ги ротираат. Аудио-визуелна превара на преувеличување на тоа што го имаат на лагер со цел да ќарат нешто појако. Проблемот е што и кога ќе ќарат нешто што вреди, не знаат што да праат. Експресно ги фаќа паника од типот – и сега што? – и пак се враќаат на закрепостените селанки кои се зависни од трошката внимание кои ја добиваат од „кремот“ на градот.

И уфилманите џет-сетерки не се ништо подобри. Девојки кои добро изгледаат, имаат по нешто во глава, викаат дека сакаат прав маж, а се моткаат само со метро мажулиња, чичиња во најава, спортисти и останати безбедни комбинации. Викаат дека сакаат сериозна врска, ама кога ќе сфатат дека сериозна врска значи посветување на нешто побитно од нови штикли, фустанчиња и накит, проводи по дискотеки и остали суштинско небитни срања се упрпуваат максимално. Подобро вака, на сигурно. Лагер од сто мужи, сериозно со никој, внимание на претек.

Скопје – градот на уплашените. Сексот стана мисловна именка, частенките поскапеа, парите се намалија, кичот и турбофолкот ги убија урбаните журки, дискотеките ги скратија подиумите, акнаа централен шанк и додадоа уште сепариња. Фејсбук шема – нема акција, само воајеризам, ама од високо. Скопје, знам дека немаш доволно секс и затоа ти порачувам од срце; време ти е; оди еби се! Кис4е.

Мајка ти и татко ти

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk