logo
logo
logo

Вечер Тема

Зошто во приватните клиники нема скандали и корупција? Не е до лекарите, до политичарите е

Vecer | 18.09.2023

Зошто во приватните клиники нема скандали и корупција? Не е до лекарите, до политичарите е

Аферите во јавното здравство станаа секојдневие: починуваат родилки, по грешка се вадат органи на родилка од директор на клиника во Струга кој за следење на бременоста и наплаќал преку негова приватна ординација, инвалидитети поради погрешно применети дијагнози и третмани, се крадат лекови и цитостатици од онколигија на забилени од рак и се препродаваат – на Косово, починува пациент кој е превезуван со брза помош затоа што возачот и лекарот паузирале на кафе по пат до болницата...

Дијабетичари девет месеци чекаат за глукомери и ленти за редовна контрола на шеќерот во крвта, а нема ниту сензори за деца… во држава која е кандидат за ЕУ, во 21. век.

Министерот за здравство Филипче не набавил вакцини за Ковид затоа што власта е фатена во обид за корупција со фантомски посредник од Сингапур, издавање лажни Ковид сертификати во Богданци и Гевгелија за слободно патување во Грција во време на епидемијата, 15 луѓе изгореа во пластичните киосци на Брако, сопственикот беше министер кај Заев, киосци што глумеа болница во Тетово за кои не беше извршена стручен технички и здравствен прием затоа што, според премиерот Зоран Заев, “тоа не било потребно, тоа биле времени градби како настрешници во кафани“. Корупција...корупција...корупција... на секој чекор во јавното здравство.

А владата, со платена пропаганда, објавуваше постови и видео монтажи за министерот за здравство Венко Филипче како суперхерој од стриповите. Неговите наследници, за кои никој не знае ни кои се, ни имињата им ги памети, немаат во свооите биографии релевантни податоци за работно и, особено, стручно искуство во менаџериње со здравството. Како таксист да поставиш за директор на контролана на летање.

Јавното здравство, последниве години, прави се што е можно дел од услугите да се префрлат кај приваници кои, по дефиниција, се блиски или финасиери на некој од владеачките партии. Тоа се бизниси во десетици милиони евра кои, од сервис во самото јавно здравство, преминуваат кај приватници.

Патем, со помош на полиција и обвинителство, се врши притисок врз приватните клиники сопствениците, под реална вредност, да ги продадат своите клиники како што е сега актуелниот монтиран “скандал“ со клиниката Жан Митрев, а под таков притисок со засега непознат крај и завршница беше последниве години и уште една од трите најголеми приватни клиники во државава.

Приватизации

Познато е дека поранешниот премеир Владо Бучковски влезе во војна со тогашниот министер, доктор Владо Димов, за приватизација на дијализа и трансформација на Воената болница. Епилогот беше смена на министерот Владо Димов и кривична пријава против него по што тој замина од Македонија, а приватизацијата премина во други раце.

Дали е тоа некоја генетска деформација кај министрите за здравство во владите ан СДСМ, но факт е дека кога тие владеат јавното здравство се распаѓа и распродава.

Венко Филипче, како министер кај Зоран Заев, процени дека јавното здравство не е способно да врши стерилизација на просториите, техниката и инструментите, па реши и тоа да го приватизира. Овој криминален тендер го склучи Венко Филипче, го надгради со анекси наследникот Беким Сали, а за денес Владата на ДУИ и СДСМ се обидува да го имплементира.

Во Албанија веќе се уапсени две лица од специјалното обвинителство за иста операција на приватизација. Сопственикот на компанијата, односно на истите компании кои го добија тендерот и во Македонија се под истрага во Албанија, како и бившиот заменик министер за здравство, по други 6 лица се издаени потерници. Истиот криминален договот беше нотиран во извештајот на Стејт Департментот за Албанија за 2022 година како крајно коруптивен

Ден Дочев, директор на Фондот за здравство, по снимката како прима големи пакетчиња кеш пари, даде оставка и го снема – заедно со парите.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=iHmBJ8UA2Rc[/embed]

Никој, досега, за ништо од ова не одговарал пред суд. Во ковид епидемијата заради немање навремно набавени вакцини починаа, без вакцини на располагање, барем неколку стотици заболени кои би биле живи да биле навремено вакцинирани.

Да се потсетиме – Македонија, од скоро 200 држави, беше на високото 5-то место во светот според смртност од Ковид 19 во однос на број на жители. Од Ковид починаа повеќе од 9.900 луѓе. Венко Филипче по ова си замина, се вози на јахти и со мотори со Зоран Заев. Ги поврзуваат многу работи, најмногу коруптивниот плен и планот на Филипче да преземе, со ДУИ, на сила, најмалку една од трите големи приватни клиники.

Заев го планира Филипче за следен претседател на СДСМ за своја и негова заштита, кој заедно со Шилегов, Зечевиќ и Оливер Спасовски се кандидатите да го преземат СДСМ по изборите на кои, според сите проценки, СДСМ ќе има помалку од 200.000 гласови.

Зошто нема скандали во приватните клиники?

Да не го должиме списокот со изгорените во тетовската болница и десетици јавно познати скандали за починати поради нестручен пристап во јавносто здарвство и фактот дека ниедена сериозна услуга во јавното здарвство не се дава ако не се плати “под маса“.

Се поставува прашање: дали се нашите лекари до таа мерка неспособни? Одговорот е – не, имаме ние лекари и експерти кои речиси секогаш знаат да ги решаваат проблемите на пациентите. Дека е така покажува фактот што, барем јавно, не е познат ниту еден скандал од наведените кај паценти во приватните клиники.

Заклучок: не е до лекарите, проблемот е во организацијата, условите на лекување и – до корупцијата која во приватните клиники е блокирана, речиси и да ја нема.

Како споредба, по договорот на Филипче државата може да плати надувана цена кај приватник за стерилизација на инструменти и медицинска опрема но, приватникот секогаш ќе се труди да заработи повеќе а испорача помалку затоа што нема никаква одговорност во процесот на лекување, тој е непознат надворешен соработник.

Кај нас, единствена од сите клиники, на Клиниката Жан Митрев, има вистинска целосна стерилизација, по европски стандарди. Имено, во Клиника Жан Митрев системот за вентилација во зградата е совршен до тоа ниво што се запира централна размена на воздух - да се зема воздух од една соба, можеби контаминирана со бактерии, и со вентилација на зградата да се пренесе во друга соба, и зарази други пациенти.

Тој систем на вентилација обезбедува целосна заштита на пациентите, и тоа е една од причините зошто во јавното здравство имаше три пати повеќе починати во време на ковид епидемијата во однос на Клиниката Жан Митрев, иако во приватните клиники одеа само најтешко болните од Ковид 19.

По ова следува дилемата: Да, секој знае дека е така, но колкумина имаат пари да платат лекување во приватна клиника и да го спасат здравјето и животот?

Пари има, но не се кај граѓаните, под контрола на корумпираните политичари се. Тоа се парите кои граѓаните ги уплаќаат за здравствена заштита, а не успеваат да ги користат.

Со парите за здравствено осигурување да располага осигуреникот

За тешките случаи да се лекуваат во приватна клиника, наместо во хаосот на јавното здравство – има пари. Парите на пациентите се во Фондот за здравство. Оној Фонд од кој директорот Ден Дончев, покажан и на видео снимка, изнесуваше купчиња евра во кеш.

Фондот за здравство има голем буџет, располага со над 600 милиони евра, и тоа е најголем куп пари за јавни потреби на едно место во државниот буџет. Тоа се пари на граѓаните наменети за нивно лекување кои, за жал, се извор на тешка корупција. Фондот е нетранспарентна организација која ги крие податоците. Ако денес го отворите нивниот сајт ке видите дека извештаите за контроли на установите и проектите со до 2107 година, откако власта ја презема СДСМ и ДУИ, податоци од тековно функционирање за период 2018-2023 година, освен завршни сметки – нема.

Граѓанинот не може да закаже, тогаш кога му треба, преглед, операција, снимање на рентген, компјутерска томографија или магнетно скенирање во јавното здравство... Чека со месеци, ако дочека жив и во кондиција. За да фати место “преку ред“ мора да плати кеш. Тоа не треба да се докажува, секому е познато како ноторен факт. Плаќа мито иако цел живот плаќа од платата придонес за јавното, навидум бесплатно здравство.

Во Србија, на пример, ако за месец дена не се добие термин во јавното здравство пациентот одбира приватна клиника на која тамошниот Фонд за здравтсво и ја плаќа услугата, со што се намалуваат корупцијата и реалните трошоци на пациентот кој вклучуваат и даден кеш за мито.

Второ, и клучно решение е, самиот пациент да одбира каде ќе се лекува, а Фондот за здравство да ја плати услугата според однапред позната цена која е равна на трошокот на истиот зафат кај јавното здравство. Граѓанинот да располага со своите пари од Фондот. Овој систем е познат во светот, не само во избор на здравствена услуга туку и избор на факултет во образованието - ваучер систем.

Пациентот да знае дека, земаме како пример, компјутерско снимање во јавното здравство чини 100 евра а во приватното 200 евра, одбира приватно заради брзината и добрата организација, плаќа само 100 евра од џеб а другите 100 ги плаќа Фондот за здравство на избраната приватна клиника.

Ова да се применува за избрани интервенции од среден и голем здравствен ризик за граѓанинот. Со овој модел пристапот и исплатливоста до приваното здравство за секој граѓанин-осигуреник радиклано се зголемува, услугата станува многу поевтина за него, а немора да дава мито “под маса“ во јавното здравство кое, со плаќаето мито “под маса“, станува скапо скоро како приватното, а те тера да понижуваш и влегуваш во криминал.

Парите во Фондот за здравство се на граѓаните, и тие мора да добијат право да располагаат со својот дел онака како што на нив им е најефиакасно, особено кога нивното здравје и живот се во прашање. Фондот сам по себе е гломазна и скапа институција со околу 880 вработени, голем дел по партиски клуч, и малку останува за болните.

Овој модел драстично ја намалува загубата во економијата со скратување на боледувањата и скратување на времето со чекање на тертман во јавното здравство кога вработените долго се лекуваат и не се рабоотно способни заради долгите и неефикасни процедури во јавното здравство.

Фондот за здравство, заедно со ЕВН/Мепсо/ЕСМ, Царина, РЕК Битола, Фондот за иновации, полицијата, градежништвото и обвинителството се еден главните извори на корупција со штети кои не се поправаат, одлучуваат за животот на граѓаните.

Проблемите со корупција во здравството не завршуваат тука, повеќе за ова и во следната анализа на оваа тема.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk