logo
logo
logo

Зошто во Македонија МАЛКУ СЕ КОРИСТИ ПОЛИГРАФ

Vecer | 02.06.2021

Зошто во Македонија МАЛКУ СЕ КОРИСТИ ПОЛИГРАФ

Полиграфското тестирање, според податоците од Министерството за внатрешни работи, се користи и во земјава, бидејќи неговата примарна намена е да се утврди вистината кај секој испитаник што ќе прифати да направи полиграфско тестирање.

– Во Министерството за внатрешни работи  полиграфот најчесто се користи во насока на расветлување и помош при расветлување кривичноправни настани, со цел пронаоѓање и прибирање материјални докази за евентуални сторители на кривични дела – информираат од МВР.

На прашањето дали имаат евидентирано случај во кој некој сторител на кривично дело успеал да го измами полиграфот, од МВР информираат дека тоа прашање е посоодветно да се постави кон судовите и јавните обвинителства во земјава.

– Прашањето е комплексно и заслужува малку покомплексен одговор за да може јасно да се дефинираат работите, кои се прилично и неретко „мистични“ околу полиграфската дејност.

Од МВР потенцираат дека полиграфот е сепак машина составена од хардверски и софтверски дел и скоро е невозможно да се измами – тој само ги отчитува и запишува отстапките односно промените на невропсихофизиолошките реакции на телото при дадени стимули во форма на прашања од страна на полиграфскиот испитувач и по даден одговор од страна на испитаникот кон полиграфскиот испитувач.

Но, за жал, неретки се случаите на светско ниво во изминативе 100 години каде што испитаници успеале да го измамат полиграфистот, а тоа може да се случи доколку истиот тој е со несоодветна стручна спрема, несоодветна обука и недоволно искуство во соодветната област.

– Во судските предмети, во светски рамки, секаде каде што е докажано дека полиграфските извештаи не се точни – најчесто станува збор за пропусти во постапувањето на полиграфскиот испитувач што постапувал по соодветниот предмет, а поретко поради грешка на самиот полиграфски апарат.

– Неоспорно е дека одговорот на поставеното прашање е потврден, односно како и секоја наука што се практикува преку утврдени валидизирани техники и методи така и полиграфската наука е меродавна во својата област – информираат од министерството.

Оттаму велат дека МВР има неколку полиграфисти, од кои еден е обучен во тренинг-центарот „ASSES Ltd“ во Бугарија, кој функционира како дел од тренинг-центарот PEAK CATC – credibility assessment training center&quot, од Соединетите Американски Држави акредитиран од светската полиграфска асоцијација APA (American polygraph association) и AAPP (American association of Police Polygraphists).

Сепак, информираат дека законската покриеност на полиграфското тестирање во земјава и во светот е релативно слаба, па затоа во кривичните судови низ државата се уште полиграфскиот извештај останува во една лимбо-ситуација, односно останува на поединечниот судија или судечки совет по принцип на слободно судиско убедување да одлучат дали полиграфскиот извештај ќе го прифатат како материјален доказ или на истиот тој ќе му дадат третман само како ориентационо-елиминациона метода/експертиза во текот на судската постапка.

– Во последниве години, интересот и довербата на судовите и јавните обвинителства во полиграфската експертиза бележи неоспорен раст, со цел проверка на вистинитоста на тврдењата на странки во постапката, како и за помош при расветлување кривични дела за кои се води предистражна и истражна постапка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk