logo
logo
logo

Зошто се уште НЕ СЕ ПРИСТИГНАТИ РУСКИТЕ ВАКЦИНИ Спутник В

Vecer | 05.06.2021

Зошто се уште НЕ СЕ ПРИСТИГНАТИ РУСКИТЕ ВАКЦИНИ Спутник В

Македонија се уште ги нема добиено вакцините Спутник В кои ги нарача од Русија. Зошто доцнат вакцините точно не се знае, иако дел од шпекулациите во јавноста се дека причината за тоа е што Македонија протера руски дипломат.

Сепак, според рускиот амбасадор во Македонија тоа не е причината. Тој вчера при промовирање на летот Скопје – Москва изјави дека очекува во блиска иднина да пристигнат нови пратки на вакцината Спутник В во земјава, но не прецизираше кога.

Како што нагласи тој, одговарајќи на новинарско прашање, руската страна строго се придржува до своите обврски и планира да обезбеди испорака на ваикцините во рокот утврден со договорот.

-Распоредот за испорака не е предвиден со договорот и се формира во зависност од производствените можности на руската страна. Сепак, Амбасадата е во постојан контакт со раководството на Рускиот фонд за директни инвестиции околу испораките на вакцините. Се надеваме дека во блиска иднина ќе стигнат нови пратки на „Спутник В“, истакна амбасадорот по пристигнувањето на авионот на новата воспоставена авиолинија Москва-Скопје.

Баздникин потенцира дека Амбасадата не е исто што и Рускиот фонд за директни инвестиции поради што, за конкретен одговор кога ќе пристигнат новите пратки, рече новинарите прашањето да го упатат до Фондот.

-Јас ви кажав толку колку што знам и колку можам. Ама сум сигурен дека сите обврски ќе бидат исполнети, подвлече рускиот амбасадор во земјава.

Тој потсети дека Руската Федерација планира на земјава да испорача 200 илјади дози „Спутник В“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk