logo
logo
logo

Зијадин Села: Победуваме во Гостивар и Дебар, во вториот круг одиме во четири општини

Vecer | 17.10.2021

Зијадин Села: Победуваме во Гостивар и Дебар, во вториот круг одиме во четири општини

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во своето прво појавување по затворањето на гласањето рече дека неговата партија освои две урбани општини, Гостивар и Дебар. Додека во општините Чаир, Боговиње, Теарце и Врапчиште, одат на втор груг, пренесува Слободен печат.

-Ги освоивме Гостивар и Дебар, победивме во првиот круг, додека во 5 други општини одиме во вториот круг, ќе има втор круг. Верувам дека заедно со граѓаните ќе успееме да го зголемиме бројот на општини предводени од албанската опозиција, рече Села, додавајќи дека во Струга, Боговиње, Теарце и Чаир одат во вториот круг.

-Што се однесува до Општина Тетово, ќе треба да почекаме дали ќе одиме или не на вториот круг. Мораме да ги чекаме резултатите, рече Села.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk