logo
logo
logo

Жугиќ: Требаше да починат службеници за Шилегов да воведе протоколи за работа

Vecer | 15.04.2021

Жугиќ: Требаше да починат службеници за Шилегов да воведе протоколи за работа

Јелена Жугиќ советник во советот на град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ во гостување во емисијата „Јади Бурек“ кажа дека подолго време во администрацијата во град Скопје не се почитувале протоколи за работа во услови на пандемија и дека откако советничката група на  ВМРО ДПМНЕ во град Сскопје  реагирало и имало смрни случаи  Шилегов се осмелил да воведе и да ги почитува протоколите за работа во услови на пандемија.

-Подолго време администрацијата на град Скопје и кога станува збор за здравје тука нема леви и десни значи ниту еден протокол за работа во услови на пандемија, ротирање на неделно ниво на една недела проверување на температура на влез во бараката каде што се работи, раководител на сектор заболен по дифолт сите вработени со кој што имал контакт а имал со цел сектор отие  раководител на сектор треба  да одат по законот за пандемија во 14 дневна изолација ништо од тоа не се почитува појасна Жугиќ.

Советничката во советот на град Скопје од ВМРО ДПМНЕ Жугиќ потенцираше дека кога станува збор за здравје не треба да има партиска определеност и дека треба да се прави се што е во интерес и за зачувување на здравјето на граѓаните. Таа дополни дека кога во услови пола администрација на Шилегов била заболена од Ковид 19 советничката група на ВМРО ДПМНЕ морала да реагира користејќи ги социјалните мрежи и сите медиуми за да изврши притисок работите да се променат во интерес на здравјето  граѓаните.

-Јас го прозвав го пингам јас во принцип пишувам од поодамна паблик ми се постовите на фејсбук. За жал ние како ВМРО живееме во еден медиумски мрак и фејсбукот ни е алатка со која што се користиме да влеземе во конакт и да се обратиме на граѓаните. Пола администрација на Шилегов му е болна имаше и смртни случаи за жал потенцираше Жугиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk