logo
logo
logo

Жител на Ресен силувал шест годишно девојче, одреден му е притвор од 30 дена

Vecer | 05.06.2023

Жител на Ресен силувал шест годишно девојче, одреден му е притвор од 30 дена

Основното јавно обвинителство Битола спроведе истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава дека силувал девојче на шестгодишна возраст. Како што наведуваат од Обвинителство, тој искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот си играле заедно.
-Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле, се вели во соопштението од ОЈО Битола.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, за да не попречува во кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk