Во понеделникот (06.01.2025( околу 15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба во стан била пронајдена почината 43-годишната Е.С. од Скопје, каде што живеела како подстанар.
Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата