logo
logo
logo

ЗАШТИТА ОД СИПАНИЦИ ПОД СТРОГА КОНТРОЛА: АХВ предупредува – не вакцинирајте без одобрение

Vecer | 17.08.2026

ЗАШТИТА ОД СИПАНИЦИ ПОД СТРОГА КОНТРОЛА: АХВ предупредува – не вакцинирајте без одобрение

Агенцијата за храна и ветеринарство презема контролни и заштитни мерки во одгледувалиштата каде што е регистрирано присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози. По секоја пријава за сомнителна појава на болеста, се земаат примероци од крв и брисеви од животните, кои се испраќаат на лабораториско испитување. Доколку анализите го потврдат присуството на вирусот, АХВ носи решение за справување со болеста, по што заразените животни се евтаназираат и безбедно се закопуваат, со цел да се спречи понатамошно ширење на заразата.

Од Агенцијата нагласуваат дека се континуирано на терен и ја следат состојбата. Во однос на заштитата, АХВ веќе доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција, а дополнително е побарана помош и од експертскиот EUVET тим на ЕК.

По добивањето на одговор за вакцинацијата, предвидено е да се изврши тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со нејзина примена.

Од АХВ упатија и изрично предупредување до сточарите во врска со евентуалните самостојни постапки за заштита на добитокот.

„Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни“, предупредуваат од АХВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk