logo
logo
logo

ЗАРАДИ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ, училиште во Македонија две недели е без струја

Vecer | 29.03.2023

ЗАРАДИ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ, училиште во Македонија две недели е без струја

Учениците следат настава во студени простории, поради неплатени сметки за струја во училиште во Мала Речица, пренесува ТВ21.

Новинарите додека снимале во училиштето за оваа проблематика, вработените им рекле да излезат од објектот, бидејќи според нив, немале право да снимаат.

Додека медиумската екипа разговарала со родителите, дошол и директорот на училиштето Назиф Ајдини, кој не им дал никакво објаснување пред камерата зошто нема струја, а учениците се обврзани да следат настава во ладни простории. Наместо одговор, тој им ја затворил вратата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk