logo
logo
logo

ЗАПОЧНУВА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНИОТ ОБЈЕКТ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ СТЕНКОВЕЦ

Vecer | 08.02.2026

ЗАПОЧНУВА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНИОТ ОБЈЕКТ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ СТЕНКОВЕЦ

Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.

Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.

Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност, објави министерот за траснспорт и врски Александар Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk