logo
logo
logo

Започна изградбата на македонско- грчкиот граничен премин „Маркова Нога“

Vecer | 12.03.2025

Започна изградбата на македонско- грчкиот граничен премин „Маркова Нога“

Денес е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин, како што и претходните говорници кажаа, е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи, од едната и од другата страна на границата. Мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Во таа насока, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави.

Што се однесува до самиот настан денес, јас покрај ова што денес го отпочнуваме, изградбата на овој граничен премин, сум и во Ресен, заедно со градоначалникот, заедно со луѓето од Ресен, да посетиме неколку проекти коишто се резултат од работата на администрацијата, на градоначалникот.

Навистина импресивно, и даваме поддршка за сето ова коешто се случува.

Инаку, што се однесува до техничките карактеристики, инвестицијата и сето останато поврзано со изградбата на овој граничен премин, ќе ми дозволите да се заблагодарам на Европската Унија, на УНДП, на општините коишто се опфатени-четири општини, две од Албанија, една од соседна Грција и една од кај нас Ресен, нормално.

Така што еве очекувам набргу од денес и свечено биде пуштен во употреба овој граничен премин, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk