logo
logo
logo

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ЗЕМА УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ: Петмина починати, четворица пациенти во тешка состојба

Vecer | 22.08.2026

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ЗЕМА УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ: Петмина починати, четворица пациенти во тешка состојба

Уште еден пациент почина од западнонилска треска во земјава, со што бројот на смртни случаи од оваа инфекција достигна пет. Информацијата ја потврди директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, според кого последната жртва е 73-годишен пациент од скопската населба Ново Лисиче.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести цели 22 дена, но и покрај вложените напори на лекарите, починал од компликации поврзани со инфекцијата.

Пациентот бил примен во исклучително тешка состојба, со сериозна клиничка слика и повеќе придружни заболувања. Бил лекуван на Одделот за интензивно лекување и бил ставен на респираторна поддршка, но и покрај преземеното лекување, починал.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 21 пациент.

Кај 18 од нив е потврдена инфекција со вирусот на западнонилската треска со невроинвазивна форма, додека тројца се водат како суспектни случаи.

Од Клиниката информираат дека речиси секојдневно се примаат нови пациенти, поради што бројот на хоспитализирани постојано се движи околу 20 до 21 лице.

Четворица пациенти и натаму се во тешка општа состојба и се лекуваат на Одделот за интензивно лекување, додека останатите се сместени на Одделот за невроинфекции.

Според Цана, најтешка клиничка слика најчесто имаат лицата во повозрасна доба. Меѓу хоспитализираните, сепак, има и 25-годишен пациент.

Досега 19 пациенти се излекувани и се отпуштени од Клиниката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk