logo
logo
logo

Захариева: Со потпишувањето на протоколот ИСТОРИСКИТЕ ПРАШАЊА СЕ ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

Vecer | 18.07.2022

Захариева: Со потпишувањето на протоколот ИСТОРИСКИТЕ ПРАШАЊА СЕ ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка, изјави пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа потенцира дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања.

Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.

Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.

Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика.Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат, рече Захариева.

За македонскиот јазик, Захариева уште еднаш посочи: „Тој има разлики, но е напишан ’45 година, на основа на бугарскиот дијалект.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk