logo
logo
logo

„Корупцијата и митото се во коренот на трагедијата во Кочани - БРАТ ДА МИ Е, АКО ИМА ВРСКА, ЌЕ ОДГОВАРА!“

Vecer | 17.03.2025

„Корупцијата и митото се во коренот на трагедијата во Кочани - БРАТ ДА МИ Е, АКО ИМА ВРСКА, ЌЕ ОДГОВАРА!“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски зборуваше за случувањата со трагичниот настан во Кочани и за тоа кои чекори се преземаат за расветлување на случајот, но исто така потенцираше дека тој како министер ќе се насочи кон комплетно расветлување на случајот и добивање на правдата.

Тој истакна дека грозоморниот случај ќе биде целосно расветлен и дека јавноста ќе биде запознаена со сите незаконити дејствија што се случувале и притоа довеле да дојде до ваков случај, кој ја потресе целата држава.

– Овој предмет во детали ќе биде расветлен од аспект на сите оние дејства коишто сме ги презеле досега,особено ќе и се згрози на јавноста кога ќе види повторно по не знам кој пат последица на овие незаконитости е мито и корупција, многу добро знам што зборувам и внимавам како ги изнесувам информациите во јавноста да не загрозам дел од истрагата. Кога јавноста ќе види за кои суми биле издавани одредени документи и било ставано нешто незаконито, спротивно на сите правила, на сите регулативи, спротивно на се она што би требало да е нормалност во рамки на функционирање на еден кабаре клуб, диско клуб ќе и се згрози – вели Тошковски.

Исто така, Тошковски додаде дека токму неморалното и коруптивното поведение коешто било вмрежано во многу институции довело до ваков трагичен настан.

– Повторно говориме за мито и корупција, корупцијата ја уништи Македонија, мораме да бидеме максимално посветени, да еднаш засекогаш покажеме дека имаме капацитет согласно закон да ја овозможиме правдата. За секој еден којшто ќе биде констатирано дека директно или индиректно има било какво влијание на незаконитост а притоа таа незаконитост не довела до овој грозоморен настан ќе има одговорност – кажа Тошковски.

Министерот во гостувањето повика на разум од страна на сите, за да можат сите институции коишто се надлежни за овој случај да ја спроведат истрагата и да ја сработат работата како што треба.

– Мораме да сме разумни, мораме да работиме согласно закон, мораме да преземаме дејствија коишто ќе не доведат до правда, преку неправда никогаш не можете да стигнете до правда. Мораме да повикаме сите на разум мора верските лидери да повикаат на разум мора политичарите да повикаат на разум барем оние коишто си ја сакаат Македонија и се нормални како луѓе, секој еден којшто си ја сака својата држава и си го сака својот народ мора да повика на разум. Мора да дозволиме Министерството за внатрешни работи заедно со сите институции коишто имаат надлежност за истражување да си ги сработат сите оние работи коишто треба да ги сработат – рече Тошковски.

Секој еден којшто придонел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите, порача министерот.

– Осомничени досега се повеќе од 20-тина луѓе, согласно последните информации кои ги добив за најголем дел од нив веќе се извршени разговори со истите. Дел од тие веќе се во притвор, дел од нив се од луѓето коишто биле во рамки на овој објект како повредени и дел од нив исто така во текот на денешниот ден, во текот на утрешниот ден по насока на Јавен обвинител ќе постапуваме и ќе бидат спроведени согласно закон до надлежен судија по претходна постапка за оние кои Јавното обвинителство ќе оцени дека треба да бидат така процесиуирани, истакна министерот.

Тошковски рече дека досега се констатирани основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 292 од КЗ.

– Досега морам да истакнам дека констатирани се основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност по 288 од КЗ, како и 292 кривично дело тешки дела против општата сигурност коишто се дефинирани за ваков тип на размери каде имаме смртни последици во ставот 2 од предметниот член и се предвидени навистина доста ригорозни казни. При што од сите оние сите основи на сомнение кои ги имаме досега од она коешто сум информиран од страна на Јавното обвинителство станува збор за една доста обемна документација, истрага која се спроведува, се вршат увиди на лице место, односно претреси во повеќе простории, се вршат увиди во рамки на министерство за економија во текот на вчерашниот ден, во рамки на други институции – вели Тошковски.

Министерот Тошковски потенцираше дека нема да има милост за никого и секој еден ќе одговара.

– Нема да има буквално милост за никого, секој еден којшто придонел директно или индиректно, посредно или непосредно во рамки на оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија заради којашто плаче секој еден Македонец ќе одговара. Нема да е како досега во случаите – рече Тошковски.

Министерот Тошковски укажа дека многу недобронамерници на оваа земја пробуваат да ја дефокусираат и ја манипулираат јавноста.

– Гледам дека многу недобронамерници на оваа земја во изминатите денови наместо да покажат разум, она коешто нормален човек треба да го покаже во рамки на ваква трагедија, тие пробуваат да ја дефокусираат, манипулираат јавноста итн., со дејствијата кои ги преземаме по насока на Јавен обвинител моментално како осомничени имаме луѓе кои биле на позиција министер, државен секретар, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица, обезбедување на лице место, луѓе на позиција да согласно нивни овластувања изготват одредена документација која била незаконита – заклучи Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk