logo
logo
logo

ЈУТАРЊИ со лоши коментари за Скопје

Загреб беше мала Виена, а сега станува големо Скопје! НАЈГРДИОТ ГРАД во Хрватска?

Vecer | 03.10.2023

Загреб беше мала Виена, а сега станува големо Скопје! НАЈГРДИОТ ГРАД во Хрватска?

Загреб некогаш беше мала Виена, а сега станува големо Скопје - најгрдиот град во Хрватска, вака хрватски „Јутарњи лист“ ги споредува двата главни града. Негативните коментари на сметка на Скопје се изнесени во текстот, односно разговорот со Горан Журиќ, архитект и близок соработник на Мајкл Дијамант, човекот кој застана на чело на големото архитектонско востание во Европа...

- Од европскиот север почна да се слуша приказната за голем архитектонски бунт. Никој нема да биде убиен во бунтот, но, како и во секоја војна, некои згради може да бидат оштетени. Првенствено модернистички, современи, дехуманизирачки, оние во кои многумина од нас, за жал, живеат и работат. На чело на револуционерното движење беше Мајкл Дијамант, Швеѓанец кој во опширното интервју за Јутарњи распали и предизвика значителен интерес кај хрватската јавност. Целта е следна; враќање на класиката... пишува во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk