logo
logo
logo

Според Заев никој НЕ бил НЕЗАМЕНЛИВ, ама ќе донел одлука откако ќе се огласат експертите

Vecer | 15.09.2021

Според Заев никој НЕ бил НЕЗАМЕНЛИВ, ама ќе донел одлука откако ќе се огласат експертите

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип уште еднаш ја коментираше трагедијата во тетовската модуларна болница и рече дека од неа се извлечени поуки, како и дека во моментов се прават контроли на сите такви објекти во земјава.

- Тагата и болката се големи, но трагедии се случуваат насекаде. Веднаш презедовме чекор што мислам треба да преземе и во иднина да не дозволиме да се случуваат вакви трагедии. И оваа трагедија има поуки, се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава, и веројатно долг период пред нас ќе бидат предмет на испитување на ваквите болници. Тоа се болници за згрижување на пациенти. Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите треба да ги прифаќаме како трагедии со најобјективни претпоставки и најобјективни очекувања и испитувања за нивната причина, истакна Заев и додаде дека никој не е венчан за функцијата, како и дека секој е заменлив.

- Никој не е венчан за функцијата, секој е заменлив, но не треба веднаш да си даде оставка затоа што некој тоа го бара. Оставам експертите да ги кажат сите детали околу трагедијата, тоа го чекаме сите“, рече Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk