logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Заев три пати добива порака од народот И ПРОДОЛЖУВА ДА ЛАЖЕ И КРАДЕ“

Vecer | 21.10.2021

„Заев три пати добива порака од народот И ПРОДОЛЖУВА ДА ЛАЖЕ И КРАДЕ“

Заев треба да си поднесе оставка од Влада и од СДСМ, 3 пати добива порака од народот и 3 пати продолжува со лажење и крадење. Заев 3 пати ветува промени и се колне дека разбрал, и 3 пати упорно продолжува да краде и лаже, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека  Заев е исплашен од поразот кој го доживеа и знае дека уште еден таков пораз го очекува на 31 октомври.

- Заев е исплашен затоа што се плаши од пад на владата и воспоставување на правен систем во државата, а со тоа ќе дојде и со одговорност за неговите криминали. Заев доби метла, па глумеше дека ќе чистел во партијата и владата, потоа се колнеше дека ќе се реформира, за на крај сега во очај да вели дека разбрал што сака народот да му каже. Народот сакаше да му каже но тој не го слушаше кога со Филипче сакаа да земат провизии од кинеските вакцини, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека н ародот гласно викаше, ама на Заев не му се слушаше кога Вице рекетираше фирми кои работат во РЕК и мистериозно името му исчезнуваше од кривичните пријави.

- Заев не го слушна народот кога Рашковски беше фатен инфлагранти како мести тендери, а тој упорно го бранеше дека не е виновен. Заев ме ги слушна скопјани кога викаа дека Шилегов е криминален, дека гради зграда дивоградба, и хациенда на Маврово. Заев не сакаше да го слушне народот ниту кога 14 луѓе живи изгореа и цела држава бараше оставка од Филипче, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека народот се умори од викање по Заев, но тој не го слушна ниту еднаш, нема ни сега, затоа е завршено со Заев. Народот сака промени. И тоа веднаш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk