logo
logo
logo

Заев: Трети сили имаат влијание, МЕ ПЛАШИ ЕВРОСКЕПТИЦИЗМОТ

Vecer | 23.06.2021

Заев: Трети сили имаат влијание, МЕ ПЛАШИ ЕВРОСКЕПТИЦИЗМОТ

Спроед премиерот Заев трети сили и трети страни имаат влијание во регионот и кај нас ии затоа го плаши евроскептицизмот откако повторно не добивме датум за почеток на преговори.

Трети страни или сили и тоа како имаат влијание и кај нас и во целиот регион, прашањето е колку тоа го дозволуваме или не, изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ одговарајќи на прашањето дали последното вето од Бугарија може да ја отвори вратата за влез на други вредности.

Заев вели дека го плаши порастот на евроскептицизмот, заради ЕУ и причините кои ЕУ ги дава на евроскептиците овде, дома.

- Тоа носи извитоперени вредности, вредности на анархизам, на автократија, на хаос. Над 85 проценти од нашиот народ е за демократските вредности. Кога нешто европско не е потврдено од ЕУ, луѓето почнуваат да размислуваат за други патишта, рече Заев.

Тој порача дека државата ќе продолжи со европеизација, но не може секои 6 месеци да се чека извештај. Стануваат беспредметни, рече Заев, и сите извештаи од ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk