logo
logo
logo

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Vecer | 17.05.2021

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени


Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има, и дека следните ќе се одржат во 2024 година.

„Тесното мнозинство ја држи Владата будна. Сметам дека време е да одработиме до крај, така што следните парламентарни избори би биле во 2024 година“, одговори премиерот Заев на прашањето дали со локалните се можни и предвремени парламентарни избори, во интервју во дневникот на Јавниот сервис.

„После сериозни процеси, како што беа уставните измени, новата методологија на ЕУ, ние излеговме на избори за да провериме дали имаме поддршка од граѓаните, дали одиме по добар пат. Граѓаните одлучија дека сме на добар пат и тоа е доволно, имаме мандат 4 години. Северна Македонија пати од предвремени избори. Еднаш треба да одработиме цел мандат за да ги видиме резултатите од Влада со мандат од 4 години. Предвремени избори имаат влијание врз економијата, тоа значи заостанување. А, сите тие договори од Преспа, со Бугарија се за економија, за работни места и избор, повисок БДП, Европа да ја донесеме дома“, потенцираше Заев.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk