logo
logo
logo

Заев се предомисли: Не понудив широка коалиција, туку споделив една идеја вредна за размислување

Vecer | 09.03.2021

Заев се предомисли: Не понудив широка коалиција, туку споделив една идеја вредна за размислување

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека тој не понудил широка коалиција сега, туку само ја отворил темата.

А, таква понуда за широка влада би можела да се случи за еден месец, после локалните избори, од парламентарните избори… вели Заев.

-Јас не побарав, не понудив широка коалиција. Јас споделив една идеја која е вредна за размислување, нека размислува нашиот народ. Ако е добро за државата јас би се повлекол и од премиер и од претсдател на СДСМ. Можеме да направиме поголема ефикасност, да си ја средиме државата.

Ни стигнуваат пораки застанете еднаш заедно, одработете за државата. Јас тврдам дека можеме да имаме и повеќе пратеници. Можеме да привлечеме пратеници и од опозицијата, што и веројатно ќе се случи. Понудата (за широка влада) може да се случи за еден месец, после локални, од следните парламентарни… Но, треба некој да ја отвори оваа тема. Ова е дел од мојата нова политиката, рече Заев.

“Ќе има РЕВИЗИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ СУДЕЊА од оваа власт“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk