logo
logo
logo

Заев нуди ШИРОКА ВЛАДА но, АЛИ АХМЕТИ НЕ ЈА ПРИФАЌА

Vecer | 06.03.2021

Заев нуди ШИРОКА ВЛАДА но, АЛИ АХМЕТИ НЕ ЈА ПРИФАЌА

Премиерот и шеф на СДСМ Зоран Заев понуди можност за формирање широка влада со влез на ВМРО ДПМНЕ во неа (веројатно и Алтернатива) но, лидерот на ДУИ Али Ахмети за медиумите на албански ајзик веднаш ја отфрли таа можност.

Во интервју за Слободен печат, премиерот Зоран Заев за првпат ја отвора можноста за формирање Влада на Национален спас (Широка влада) во која би влегла и опозицијата.

  • „Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате.

  • Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара.

  • Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!

Второ, да ја департизираме администрацијата, а тоа е можно ако двете страни се внатре. Клиентелизмот во судството и во администрацијата ќе исчезне.

Ова е дел од новата политика која треба да ја поминам и во СДСМ, а мислам дека имам почит во органите и телата, затоа што ова е важно за државата. Да нема забуни, не станува збор за техничка Влада. Но, само ако има човек со кого може да се разговара.

Во таква околност, ние ќе го забрзаме нашиот од, напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи, повеќе е застапен и премиерот е на власт, или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата.

Затоа велам ајде да влеземе сите, ја отворам првпат оваа можност. Но, се е до луѓето дали се подготвени за тоа. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk