Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текстот се додава:
„Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија.
Венко Филипче знае дека има катастрофален личен рејтинг, партија која се распаѓа и нема личен кредибилитет. Токму затоа единствен механизам кој му останува на Филипче е сервилност и слугување на туѓи агенди од кои очекува поддршка за да дојде на власт и да ја зачува фотелјата на Бихачка.
Филипче отворено нуди нови национални понижувања, нови отстапки и трговија со државните интереси само поради лична корист.
Македонија и граѓаните веќе еднаш ја платија цената на поданичките политики на СДС и цената на владеењето на СДС со корупција, криминал, понижувања и ставање на државата во подредена состојба на меѓународен план.
Народот не им верува на СДС и затоа нема да дозволи истите луѓе како Заев и Филипче кои го сменија името, го понижија народот и кои ветуваа европска иднина што никогаш не ја испорачаа повторно да ги лажат. Филипче и СДС да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на македонските граѓани.
Македонија не смее да биде држава на уценети политичари кои се спремни за личен спас да ја распродадат“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата