Како што ме информираа, има капацитет за уште 100 илјади да нарачаме од Русија, изјави премиерот Зоран Заев и додаде дека дал насоки за нарачка на 100.000 вакцини Спутник V.

– Да, би нарачале од Спутник, дадов насоки како што ме информираа дека има капацитет за уште дополнителни 100 илјади да нарачаме од таму нарачка. Значи се што постои од вакцина направивме нарачки, договори, воспоставивме контакти се со конечна цел процесот на вакцинација да не прекине, рече Заев.

Тој вели дека во координација со министерот за здравство добил информација дека имаме капацитет според планот, а согласно склучените договори и платени аванси да направиме и дополнителна нарачка од 100 илјади вакцини која би го дополнила планот, а не би создала вишок вакцини.

zaev- Оваа недела ги очекуваме првите информации дефинитивно од ЕУ заради тоа што е крајот на февруари и нашиот директен договор со Фајзер што го имаме направено. Понатаму преку Ковакс очекуваме последна недела од февруари и од Кина вакцини и конечно планот кој е направен за дополнителни нарачаки, рече Заев.

denesen.mk