logo
logo
logo

Заев не сака да го коментира Црвенковски: Тој си има тој свое гледање, јас моето гледиште

Vecer | 28.09.2021

Заев не сака да го коментира Црвенковски: Тој си има тој свое гледање, јас моето гледиште

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да го коментира вчерашното обраќање на поранешниот претседател, воедно и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски дека двата договори, Преспанскиот и Договорот со Бугарија, ја отвориле Пандорината кутија.

Не сакам да навлегувам дополнително во коментари, си има тој свое гледање, јас моето гледиште секој ден го соопштувам. Верувам дека „договор куќа гради“, дека секој договор може да донесе добро, нешто што е европско, и дека низ дијалог треба да се помине процесот, изјави Заев.

Вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат. На Македонија и е ургентно потребна една национална платформа околу која ќе се постигне широк општествен консензус и ќе биде задолжителна за спроведување за сите, без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, се додека клучните работи не бидат доведени во ред, изјави поранешниот претседател Бранко Црвенковски на конференцијата во МАНУ.

Според него потребна е платформа со која ќе се дефинираат начините и средствата за справување со корупцијата.

– Според мене, треба да се почне со елиминирање на коруптивното финансирање на партиите. Ако со помош на корупција се освојува или сочувува власта, немаме никакви шанси да ја победиме корупцијата во државата. Под итно ни е потребен еден строг ригорозен Закон за потекло на имотот кој ефикасно и неселективно ќе се применува за секого без исклучок. Платформа во која ќе се дефинира план и временската рамка за спроведување за рационализација на администрацијата и јавниот сектор во државата. Платформа во која ќе се дефинира политика и рокови за намалување на вкупниот надворешен долг на државата на подносливо ниво, порачува Црвенковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk