logo
logo
logo

Заев: Ако не беа мерките, падот на БДП ќе беше 8,7 отсто, а не 4,5 отсто

Vecer | 08.04.2021

Заев: Ако не беа мерките, падот на БДП ќе беше 8,7 отсто, а не 4,5 отсто

Ако не беа мерките кои ги донесе Владата за поддршка на компаниите, граѓаните и на економијата, падот на домашниот бруто-производ минатата година ќе изнесуваше минус 8,7 отсто, а не минус 4,5 отсто, рече премиерот Зоран Заев на прес конференција посветена на збирниот ефект од четирите пакет мерки, реализацијата на буџетот, информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година.

„Досегашниот ефект од четирите пакети мерки е 860 милиони евра, односно степенот на реализација е 82 отсто во однос на она што беше планирано“, рече Заев.

Тој појасни дека првиот пакет мерки е реализиран со 91,1 отсто од планираното, вториот пакет е целосно реализиран, третиот со 75,4 отсто и четвртиот пакет 72,7 отсто.

„Треба да се има во предвид дека некои од мерките од третиот и од четвртиот пакет се уште се реализираат и можно е на крајот нивната реализација да достигне 99 отсто“, рече Заев.

Тој појасни дека доколку не била поддршката на граѓаните и на компаниите падот на приватната потрошувачка ќе изнесувал 11,8 отсто наместо 5,6 отсто.

„Беа донесени 70 различни мерки за поддршка на компаниите, вработените, граѓаните…, “, рече Заев, нагласувајќи дека сите пакети економски мерки биле насочени за помош на граѓаните, зачувување на нивните работни места, социјалната сигурност и за креирање брзи излезни стратегии од кризата.

Нивното донесување, како што додаде, беше транспарентно и во соработка со другите чинители во општеството – стопанските комори, работодавачите и синдикатите.

Од 70 донесени мерки, 21 мерка во износ од 30 милиони евра се уште се во тек, односно се спроведуваат. Седум мерки кои ги усвои Владата во рамки на петтиот пакет во износ од дополнителни 150 милиони евра се во собраниска процедура, рече Заев апелирајќи до пратениците да ги донесат што побрзо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk