logo
logo
logo

За пожарот во модуларната болница во Тетово ќе бидат поднесени четири тужби

Vecer | 14.05.2022

За пожарот во модуларната болница во Тетово ќе бидат поднесени четири тужби

Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против четири лица, едно правно и три физички за пожарот во модуларната болница, открива „Алсат“. Во текот на следните денови се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово, а по завршување на истрагата ќе бидат поднесени четири пријави. Во текот на предистражната постапка над 30 доктори и медицински сестри биле повикани да дадат изјава, а биле собрани и сведоштва од очевидци и членови на семејствата. Во истрагата учествуваа и германски експерти, кои го доставија извештајот пред три месеци за пожарот кој се случи на 8 септември минатата година, а притоа загинаа 14 лица.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk