logo
logo
logo

За непрописно возење казнети 101 возач во Скопје

Vecer | 23.02.2021

За непрописно возење казнети 101 возач во Скопје


Вкупно 101 возач на територијата на Скопје добиле казни за сообраќајни прекршоци, известуваат од министервото за внатрешни работи.

За возење без возачка дозвола казнети биле 12 возачи, 7 санкции биле изречени за непочитување на брзина на движење а три казни биле изречени за технички неисправни возила за јавен превоз.

Од МВР информираат дека шест возачи добиле казни за користење на мобилен телефон во текот на возењето, тројца возачи биле казнети за минување на црвено светло а  29 за непрописно паркирани возила.

Од ресорното министерство информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk