logo
logo
logo

За ЈО ПИШТОЛОТ НЕ БИЛ ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

Vecer | 15.07.2022

За ЈО ПИШТОЛОТ НЕ БИЛ ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани на плоштадот кои влегле во расправија и меѓусебно фрлање со предмети со учесниците на протестот. Во тој момент, осомничениот извадил пиштол за светлосно-звучна сигнализација марка „EKOL Arаs Magnum” и испукал еден куршум во воздух.

Со вештачење е утврдено дека станува збор за пиштол во кој внатрешноста на цевката е изведена со препрека која оневозможува истрелување на проектил од огнострелна муниција, па пиштолот не претставува огнено оружје.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, задолжително повремено јавување кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk