logo
logo
logo

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена

Vecer | 16.09.2021

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

- Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе.

Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште.

Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово.

Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје.

Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта. Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони. Време е да ставиме крај на политичарите печалбари, се вели уште во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk