logo
logo
logo

„За буџетот едно се сервира во Собрание, СДСМ друго се фали на митинзи“

Vecer | 29.11.2022

„За буџетот едно се сервира во Собрание, СДСМ друго се фали на митинзи“

Јас би сакал нешто да отворам во јавноста за првпат оваа вечер, а тоа е бројката, она што е првичната бројка рз која се прави потоа целиот  буџет, а тоа е бројката на растот на БДП. Она кое што нас ни е сервирано во Собранието, а е јавно достапен документ и до вас медиумите, а тоа е дека ќе имаме 2.9% раст на БДП, и од оваа бројка потоа се прават и приходни и расходни страни во економијата. Ние имавме прес конференција во петокот во која што зборувавме за јавниот долг, СДСМ возврати со релативизирање и дека се повикуваа на ЕБОР, каде што ЕБОР ни предвидува 2.3% економски раст. И тоа го направија на прес конференција“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата за „Обнова на Македонија“ при гостување во емисијата „24 Отворено“.

Пренџов додаде дека истиот тој ден заменик претседателот на СДСМ, Лукаревска кажа дека следната година ќе биде нова година, нова надеж, а проекциите на ЕБОР се 2.3%. Дури и Лукаревска се повика на податокот на ЕБОР, 2.3% економски раст. Исто така ова се случува и кога Ковачевски при средба на граѓани вели дека Македонија следна година ќе има економски раст од 2.3%.

„И тука се поставува прашањето ако пратениците не убедуваат во Собранието дека ќе имаме 2.9% раст на економијата и затоа гласаат, а истовремено сите тие пратеници кога слушаат дека ќе имаме 2.3% на митинзи на СДСМ и аплаудираат на тоа имаме сериозен проблем. Ние тука имаме сериозен манипулативен Буџет кој што веднаш треба да се повлече од Собранието и да се доработи, за да имаме вистински проекции и да знаеме што гласаме. Овака пратениците се доведуваат во заблуда“, нагласи тој.

Пратеникот посочи дека 0.6% на минимум 14 милијарди БДП бидејќи има инфлација е повеќе од 83 милиони евра. Во старт СДСМ вели дека имаме 2.3% на митинзи, а во Собрание се гласа 2.9%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk