Македонкиот премеир Зоран Заев го истера својот одмор во Грција во време на масовни пожари низ Македонија. Намина во државата на еден ден, а потоа пак замина на плажа. Патем, македонкиот премеиор Заев повеќе пати изјавил дека не сака да работи во сабота и недела, тоа му биле време за дома.
Веќе 10 години српскиот претседател Александар Вучиќ не одел на море. Тој стравува од пожарите, но не ги критикува оние политичари кои одат на одмор во вакви услови.
„Луѓето имаат свои семејства, одмараат по напорната работа. Јас сум овде, сакам да бидам овде. Замислете да избие некој пожар, а јас да не бидам тука. Не би го издржал тоа, морам да бидам со најголемиот дел од нашиот народ, иако не можам да верувам колку луѓе имаат отпатувано, кога ќе ги погледнам податоците од граничните премини. Тоа значи дека собрале доволно пари за да можат да отпатуваат и покрај короната“, истакнува Вучиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата