logo
logo
logo

Наместен тендер од 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА

Vecer | 21.12.2025

Наместен тендер од 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА

Криминалната шема на СДСМ и ДУИ во ЕСМ испрала 2 милиони евра пари на граѓаните, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДСМ и на ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден 8 милиони евра. Наместо транспарентна јавна набавка, биле вклучени 2 правни лица, едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред поделена улога. Фирмата од Куманово се јавила со непотполна документација и со повисока цена, класична декорација за да се глуми конкуренција. Паралелно, скопската фирма дала понуда речиси идентична со проценетата вредност на набвката, иако таа вредност воопшто не била објавена во огласот. Потоа, за да се испере трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во вредност од 2 милиони евра, што е основ за кривичното дело перење пари – рече Петрушевски.

По примерот на Зоран Заев и на Венко Филипче, додаде тој, вака се местеле тендерите во државата кога владееја СДСМ и ДУИ.

– Од СДСМ и ДУИ молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, туку напротив, штитење на криминалот. Затоа, СДСМ и ДУИ и натаму ќе бидат во длабока опозиција – рече Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk