logo
logo
logo

Врзана за кревет по операција на главата, Ружа од Крива Паланка ОДБИЕНА ЗА ТУЃА НЕГА (ВИДЕО)

Vecer | 29.04.2023

Врзана за кревет по операција на главата, Ружа од Крива Паланка ОДБИЕНА ЗА ТУЃА НЕГА (ВИДЕО)

Четири месеци оваа жена е врзана за кревет откако во очи Нова година преживеала тешка операција со вадење на вода од главата. Оттогаш таа секој ден преживува пекол чекајќи ги негователите од Црвениот крст во нејзиниот град Крива Паланка. Ружа Вечковска преживува со скромна пензија од  11 и 800 денари.  Иако е во тешка здравствена состојба сепак е одбиена од Центарот за социјални работи Куманово да добие надоместок за туѓа нега.

Како што објави Алфа нејзиниот 45 годишен син кој е единствениот што се грижи за неа.

Игор е разочаран од институциите и зачуден од однесувањето на Комисијата при Центарот за туѓа нега во Куманово откако му ги вратиле документите и одлучиле дека неговата мајка нема никакво право на надомест за туѓа нега.

- Разочарувањето е уште поголемо бидејќи како што вели дознал од чаршијата дека тој не е на партиски список на СДСМ и затоа не е продолжен надоместокот, иако после операцијата неговата мајка е во уште полоша здравствена состојба од претходно, стои во објавата.

Секојдневието на Игор не е лесно бидејќи неговата мајка со месеци е неподвижна и нема доволен приход за лекови, а камоли за се останато. Поради лошата финансиска состојба Игор се вработил и ги ангажирал сестрите од Здравствениот дом Крива Паланка да ја посетуваат неговата мајка. Но и таа помош не траела долго. Еден ден враќајки се од работа ја нашол својата мајка на под, а собата била преполна со медицински отпад. По овој настан се обратил во Црвен Крст и сега има само два часа помош од негователите, додека тој е на работа.

Очаен поради ситуацијата во која се наоѓа, Игор се прашува колку човечност има во Комисијата која одлучува за човечки судбини.

И покрај тешката здравствена и финансиска состојба, Ружа Величковска има надеж дека ќе стане од кревет и повторно ќе се прошета во чаршијата во Крива Паланка.

Алфа побарале став од Центарот за социјални работи во Куманово, но оттаму до почетокот на вестите не добивме никаков одговор.

https://youtu.be/urGsTCOpb-E

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk