logo
logo
logo

Вршеле измама против осигурителна компанија, 11 лица меѓу кои и лекар заработија кривична пријава

Vecer | 13.12.2024

Вршеле измама против осигурителна компанија, 11 лица меѓу кои и лекар заработија кривична пријава

Првопријавениот, во неколку наврати креирал медицински извештаи со невистинита содржина во корист на други лица, кои биле употребени како доказен материјал во осигурителна компанија и на име на обештетување на нематеријална оштета, исплатиле на жиро сметките на пријавените М.Д., Н.А., С.Д., Т.М. и на Ш.Х., поединечно по 80.000 денари, додека на пријавените Б.Д., Т.Љ. и лицето М.Т. им биле исплатени поединечно по 70.000 денари.

Паричните средства на пријавените Д.М. и лицето Ш.Х. не се лично подигнати, туку од пријавениот Б.Ф., кој претходно зел полномошно за подигање на паричните средства од филијалата на банката и подоцна со полномошно се уплатени на жиро-сметката на пријавениот А.Л..

Пријавените адвокати, го сториле првото кривично дело „злоупотреба на службената положба“ во текот на септември и октомври 2023 година, на начин што полномошното не го добиле лично од странките, туку од пријавениот А.Љ. и извештаите ги доставиле до осигурителната компанија, врз основа на кое била исплатена оштетата на жиро-сметките на пријавените во износ од 610.000 денари.

Останатите пријавени, во текот на септември и октомври 2023 година, свесно ги ставиле на располагање своите лични податоци врз основа на кои било креирано полномошно за подигање на парични средства од филијала на банка во Тетово, врз чија основа биле фалсификувани медицински извештаи, стои во билтенот на МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk