logo
logo
logo

Мицкоски

Врховниот суд да го врати предметот за 27. април НА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ

Vecer | 26.01.2023

Врховниот суд да го врати предметот за 27. април НА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека Врховниот суд треба што поскоро да одлучи да го врати во прв степен предметот за случувањата во Собранието од 27 април.

На новинарско прашање дали ќе го поддржат предлогот од неколку адвокати за делумна или целосна амнестија за лицата осудени за случувањата од 27 април, Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за 27 април е јасен, односно, како што рече, луѓето се обвинети за нешто што не го сториле и бараат правда, а не амнестија и милост.

– Јас колку што сум информиран, предметот се наоѓа пред Врховниот суд, Јавното обвинителство доставило свое мислење и оти Врховниот суд треба да одлучува. Треба час поскоро да одлучи да го врати во прв степен бидејќи тие сѐ се, но само не се терористи. И тие луѓе и на судењето, еве Јане Ченто тоа ќе го каже во своите завршни зборови – Јас барам правда, да бидам суден за тоа што сум го сторил, а не за тоа што вие политички мене ме гоните – рече Мицкоски, при денешната посета на Општина Кисела Вода.

Тој го коментираше и излагањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети пред украинска делегација, во кое, како што пренесоа албанските медиуми, дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, порачувајќи следен пат кога ќе дојде делегација од Украина „да кажат колку десетици милиони евра имаат повеќе луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ“.

– Јас сум бил доброволец во таа војна и немам чувство дека се тие победници во таа војна, но истовремено претпоставувам им кажал, и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на фамилијата на Ахмети и на луѓето кои го опкружуават на сметка на инвалидите или на луѓето кои го загубија животот од татковинската војна во 2001 година кога македонските полициски и армиски сили храбро се бореа да го задржат суверенитетот и интегритетот на нашата Македонија и како еден вид подарок на жртвите од нашата татковинска војна името на овој парк каде се ноаѓаме денеска е токму на еден таков бранител.

Добро е следен пат кога ќе дојде делегација од Украина да кажат колку десетици милиони евра имаат повеќе луѓето што го опкружуваат него и раководството на ДУИ – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk