logo
logo
logo

Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите во согласност со Колективниот договор

Vecer | 10.04.2022

Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите во согласност со Колективниот договор

Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите согласно Колективниот договор. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува штрајкот за повисоки плати и бара од власта да направи нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата. Синдикатот има целосно право да го изрази своето право на револт и да бара реализација за правата на работниците кои треба да им следуваат. Власта наместо да врши притисоци врз синдикатите и работниците, треба да ги исполни ветувањата за повисоки плати. Да не измислуваат изговори дека не може да ги покачат платите, затоа деновиве што гледаме како државни функционери правеле матни зделки со пари кои можат да се наменат за покачување на плати, а не да завршуваат во џебовите на владините функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во државата се случува целосен хаос и колапс заради неспособноста, криминалот и лакомоста на власта. Додека власта носи розеви наочари дека сите живеат убаво, во реалноста протестираат вработените во градинките, основните и средните училишта, државните службеници, матичните лекари, вработените во пошта, а наскоро ќе штрајкуваат сите, практично штрајкуваат сите работници во Македонија. Во меѓувреме инфлацијата вртоглаво расте и таа се искачи на 8,8% во март, а споредено со минатата година цените на горивата се покачени за 70%, лебот е поскап за 110%, додека маслото за јадење над 30% и практични сите основни намирници поскапени од 30% до 50% Заради погрешните политики на владата предводена од СДСМ имаме и покачување на електричната енергија од 30%, а парното за 15%. Граѓаните едвај ги подмируваат основните трошоци и едвај преживуваат, додека власта нема слух да им го овозможи заслуженото покачување на платите. Со СДСМ и ДУИ имаме држава која се распаѓа, видовме како го апсат секретарот на Влада затоа што земал мито, а постојат сомнежи за уште десетици вакви криминални случаи. Со секој изминат ден со оваа влада Македонија и граѓаните се повеќе осиромашуваат и уназадуваат. Државата повеќе не смее да тоне и единствен излез се предвремени парламентарни избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk