Вчера во 21.55 часот во ОВР Прилеп била пријавена несреќа која се случила во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“.
Се работи за 73-годишната В.М. од Прилеп во која удрило патничко возило и кое веднаш го напуштило местото на настанот.
Од МВР известуваат дека В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата