logo
logo
logo

Возач на автобус возел 61 мигрант, кога го запрела полиција почнал да бега

Vecer | 06.07.2022

Возач на автобус возел 61 мигрант, кога го запрела полиција почнал да бега

Доцна синоќа некаде околу 22 часот на автопатот А1, на делот Миравци – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица запреле автобус со штипски регистарски ознаки, по што возачот го напуштил автобусот.

При контрола во автобусот бил пронајден 61 мигрант, од кои 30 од Сирија, 27 од Пакистан и четири од Индија. Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk