logo
logo
logo

Во Белград почнаа Деновите на македонската култура

Vecer | 23.05.2021

Во Белград почнаа Деновите на македонската култура

Според информациите на дописникот на МИА од Белград, во Белград е отворена јубилејната 10 манифестација Денови на македонската култура „Допир на Македонија” во рамки на која премиерно беше изведена театарската претстава „Ветер во тапетите”. Тоа е прва театарска претстава на македонската заедница во Србија реализирана во продукција на Здружението Македониум и Форумот на младите Македонци во Србија.

Елисаета Ивановиќ, потпретседател на Здружението на Македонците во Белград „Македониум” изјави – Целта на манифестација Денови на македонската култура е промовирање и афирмирање на македонската култура, традицијата, јазикот и обичаите во главниот град на Србија. Но, сепак успевме да ги застапиме сите жанрови на културата, и со нашите сонародници, Македонци во Белград и со нашите белградски пријатели, да ги споделиме нашите дострели во културата.

Сценариото и режијата е на Зоран Митровиќ, млад белградски глумец со македонско потекло. Заедно со својот колега Немања Симиќ тие ја водат публиката низ возбудлива театарска двојазична авантура, исполнета со комични и сетни елементи, а сосема природно и спонтано се приклучува и самиот менталиет на обичниот човек, припадник на српската и македонската националност.

Манифестацијата „Допир на Македонија” во Белград продолжува наредната недела со свечена академија посветена на Св.Кирил и Методиј, со омаж на поетесата Душица Илин Шеќеровска, изложба на слики на Елисавета Георгиева Јордановска и со Деновите на македонскиот современ филм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk