logo
logo
logo

Во Велес одбележани 94 години од смртта на македонски револуционер, Васил Главинов

Vecer | 24.01.2023

Во Велес одбележани 94 години од смртта на македонски револуционер, Васил Главинов

По повод 94-годишнината од смртта на велешкиот и македонски револуционер и поборник за работнички права, Васил Главинов, делегации на Општина Велес и на Општинското основно училиште, што го носи неговото име, положија букети свежо цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на училиштето. Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој е еден од првите македонски социјалисти и организатор на работничкото движење во Македонија и поборник за Балканска федерација. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода. Во стариот дел на Велес се наоѓа спомен куќата на Главинов, интересна поради нејзината автентична градска архитектура и претставува своевидна атракција за сите посетители на градот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk