logo
logo
logo

Во сообраќајката во Скопје покрај загинатата девојка, тешко повредено и момче

Vecer | 20.01.2022

Во сообраќајката во Скопје покрај загинатата девојка, тешко повредено и момче

Уште едно лице е потешко повредено во сообраќјката пред „Сити Мол“ во четвртокот  вечерта.

Според неофицијални информации до кои Press24 дојде од полициски извори, повредено е уште едно момче на 24 години кое исто како и сега веќе починатата девојка е од Радовиш.

„На 20.01.2022 година  во 19.44 часот пријавено е дека на крстоницата улицата Московска со булеварот Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш која починала на лице место, во моментов се врши увид“, вели полициски извор за сајтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk